Форум аналитика за Косово
На едногодишнината од прогласувањето на независноста, Форум – Центарот за стратегиски истражувања и документација го издаде најновиот, двоброј, на списанието Форум Аналитика посветен токму на Косово и перспективите на регионот. Речиси сите коментатори на балканските прашања се согласуваат дека ниедна друга територија во овој тревожен регион не предизвикала толку турбуленција и нестабилност во последните неколку децении, од Косово. Уште од доцните 60-и Косово се претвораше во најупорната безизлезност на етнички несогласувања и конфликт што ја нарушуваа деликатната рамнотежа на мултиетничката Југославија; во доцните 80-и, неговите растечки и нескротливи неволји се претворија во сламка што и’ го скршија ‘рбетот на југословенскиот сојуз и беа гласник на подемот на најубиствениот етнички национализам во Европа по Втората Светска војна. По една деценија, НАТО ја спроведе својата прва воена кампања во Косово. Оваа интервенција и резултатите од неа имаа длабоко влијание врз Косово, неговото соседство и пошироко врз меѓународните односи – остатоците од нестабилноста предизвикаа етнички побуни во Јужна Србија и Македонија, способноста на Србија за демократизација и евроатлантска интеграција беше предизвикана од трагите од косовската траума, а односите меѓу Русија и Западот, ако се погледне ретроспективно, ја доживеаја точката на пресврт. Она што е најважно, Косово остана да виси во политичка и правна позиција ни ваму ни таму на привремениот меѓународен протекторат, со огорчена борба за финален статус и со растечки потенцијал за немири.
За повеќемина од Западниот камп од меѓународната заедница, унилатералниот потег на Косово за независност од 17. февруари 2008, процес што ќе биде условен од меѓународно туторство без преседан, беше единственото, иако несовршено решение за долгодишниот косовски безизлез. Дури ни оваа очигледно завршна игра за Косово не е суштински потенцијал за неприлики што ќе можат уште еднаш да го претворат Косово во центар на турбуленции на Балканот. Отаде регионот, независноста на Косово создаде контроверзии што непомирливо ја поделија меѓународната заедница па дури и Западните сојузници. Косово имаше длабок одраз во обновената руска самоувереност со Руската Федерација и нејзината зголемена конфронтација со Западот. Според најмалку неколкумина коментатори и стратешки аналитичари, преседанот со независноста на Косово беше последната капка што ја преполни чашата за Русија да интервенира во Грузија и да постави контрапример што ќе ги спречи натамошните посегања на Западот по нејзината сфера на интереси. Со ваквите забележани контроверзии, за само шест месеци по стапувањето на сила, се чини дека независноста на Косово повеќе отвори прашања (одошто ги затвори)- со регионален и глобален импакт. Дали независноста на Косово ќе им даде поттик на паналбанските сепаратистички сили во соседните земји? Дали независноста на Косово е преседан што ќе им даде легитимитет на други сепаратистички региони на Балканот и на целата Земјина топка? Дали Србија ќе може да ги победи радикалните политички сили од своето минато и да се интегрира во Европа ако иритирачкиот фактор на косовската независност не биде отстранет? Дали Косово, политички и економски, е животоспособна држава?
Форум Центарот за Стратегиски истражувања и документација (ЦСРД) беше внимателен набљудувач и активен учесник во интелектуалната дебата за овие клучни прашања во текот на сиот период, почнувајќи од интервенцијата на НАТО во 1999 година во Косово. Во изминатите пет години, Центарот ја имплементира единствената успешна средба ” Точно на пладне ” – проект предвиден да ги конфронтира гледиштата на интелектуалците и аналитичарите, но пред се’ на некои директни актери во дебатата за финалниот статус на Косово, на неутрална територија во Македонија. Во втората половина од оваа година на решавање на статусот на Косово, се чувствувавме принудени да поканиме шаренолика група експерти и интелектуалци, одблиску запознаени со проблемот на Косово, да дадат свој придонес за ова издание на Форум Аналитика, во кое се фокусираме на проблемите на Косово по неговата независност. Нашата цел, во согласност со воспоставената традиција на нашето списание, не е само да ги претстави двете главни гледишта за прашањата на Косово по независноста, туку и да вклучи низа покомплексни перспективи – нијанси на сивото- од типот што го дефинира ставот во опкружувањето на Косово и кои се помалку видливи во вообичаените црно-бели дебати. Ние само можеме да се надеваме дека нашата уредувачка страна – како сосема неутрална, но и како на загрижен сосед – ни ја овозможи оваа аналитичка платформа во составувањето на ова издание.
Ова издание на Форум Аналитика можете да го преземете тука.
