На 19 јули 2018 година, со почеток во 10:30h, во големата сала во Општина Велес, ќе се одржи регионален форум посветен на процесот на децентрализацијата во Македонија.
Форумот го организираат здруженијата Форум – Центар за стратешки истражувања и документација – Скопје, Центар за економски анализи – Скопје и Институт за развој на заедниците – Тетово во соработка со Цивика Мобилитас.
Во рамки на форумот ќе бидат презентирани главните заклучоци и препораки од истражувањата и анализите поврзани со неколку аспекти на децентрализацијата (успешноста на ЕЛС во испорака на услугите и остварувањата на надлежностите кои им припаѓаат според законите, политиките за рамномерен регионален развој кои се спроведени во последните десет години, (де)централизираниот развој и влијание на граѓанското општество во Македонија, местото и улогата на општинските комисии за односи меѓу заедниците, потенцијалите за ревитализација на месната самоуправа итн.).

Работни јазици на конференцијата ќе бидат македонски и албански.

Програма – Форум за децентрализација

Информации за настанот можете да следите и на следниот линк:

https://www.facebook.com/events/272318016850821/

Ве покануваме да земете учество во овој настан. Вашето присуство можете да го регистрирате на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdbdMa94bijfzr-BcGb51V-7CIt7W66XCwkgNE1ViRMRpcIVg/viewform

Напомена: Патните трошоци за учесниците се рефундираат во висина на повратен автобуски билет до Велес по лице.