Од 3-6 јуни, во Хотелот Сириус во Струмица, се одржа втората сесија на Школата за политика во Република Македонија, генерација 2009/2010. Четиридневниот семинар беше посветен на генералната тема: Идентитет – прашања и предизвици во мултиeничката поставеност на општеството.

Втората сесијата на Школата за политика ја отвори Д-р Франсоа Фара, Претставник на УНФПА за Романија и Директор за земјите Македонија, Молдавија и Србија со исклучително инспиративното предавање на тема: Социјална инклузија и социјални политики.

Слушателите имаа прилика да чујат интересни аспекти и размислувања за теми како: национален идентитет; етнички идентитет; Евалуација на националните приоритети на Република Македонија; Евро атлантските интеграции и одржувањето на мултиетничкиот модел; Дипломатија; Важноста на говорничките вештини во дефинирањето на харизматичниот лидер; Културни политики во меѓуетничките општества; Етничката димензија во новинарското известување и други.

Свои предавања на сесијата имаа: Проф. Д-р Ферид Мухиќ, Проф. Д-р Љубомир Фрчкоски, М-р Анастас Вангели, М-р Катерина Кус-Иванова, Зоран Бојаровски, М-а Жарко Трајановски, Јон Ивановски, Петар Арсовски, Роберт Алаѓозовски, М-р Сефер Тахири и М-р Билјана Секуловска. Сесијата се одвиваше во исклучително вибрантен и позитивен дух и беше одлична прилика за слушателите на Школата за политика интензивно да ги артикулираат своите ставови, да дискутираат на различни теми и да стекнат знаења кои ќе можат да ги применат во своите сфери на живеење и делување.