nastan1

Центарот за економски анализи  и Форум – Центар за стратешки истражувања и документација во рамки на проектот „Коалиција за буџетски мониторинг“, кој се спроведува со финансиска помош од Европската Унија преку програмата ИПА ЦСФ 2012-2013, објавуваат

К О Н К У Р С

За грантови за локални невладини организации и здруженија на граѓани кои ќе вршат монитиринг  на буџетските процеси во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во сите осум плански региони во Република Македонија. Целта на проектот е да се зголеми транспарентноста и отчетноста на ЕЛС, преку поголема вклученост на граѓанското општество во донесувањето на одлуки.

Организациите грантисти, ќе имаат задача да го мониторираат буџетскиот процес во сите ЕЛС во регионот во кој делуваат, во период од една година.  За таа цел, ќе добијат грант во висина до 5300 евра во денарска противвредност. Ќе бидат доделени девет гранта, од кои два за мониторирање на единиците на локалната самоуправа во Скопскиот плански регион, а останатите седум за останатите седум плански региони во Република Македонија.

Организациите кои ќе бидат избрани за грантирање ќе бидат обучени за спроведување на буџетски мониторинг во повеќе општини и ќе бидат обврзани да изготвуваат месечни и тримесечни извештаи за мониторингот во период од 12 месеци и истите да ги дискутираат.  Организациите – апликанти треба да имаат најмалку едногодишно искуство во работа, да имаат реализирано барем една активност или проект во кој оствариле соработка или мониторирање на некоја локална самоуправа во Република Македонија.

Апликациите треба да се испратат на адресите на Центар за економски анализи, Бул. Јане Сандански бр. 63/3 или на Форум ЦСИД, Бул. Илинден бр. 50, 1000 Скопје. Образец за пополнување на апликацијата може да се најде на веб страните на ЦЕА(www.cea.org.mk) и Форум ЦСИД (www.forum-csrd.org.mk)

Последен рок за аплицирање на овој повик е 30 мај 2014.

Избраните организации ќе бидат контактирани најдоцна 10 дена по истекување на рокот за аплицирање. Резултатите исто така ќе бидат објавени на веб страните на ЦЕА и Форум ЦСИД и навебстраната на проектот www.kbm.mк.