Инаугуриран центарот за применети политики
Почнувајќи од февруари 2009 година, во рамките на Форум – Центарот за стратегиски истражувања и документација почна да функционира Центарот за применети политики чија главна цел ќе биде преку продуцирање на мислења, коментари, студии и дебати да даде осврт на неколку клучни предизвици со кои се соочува македонското општество денес – постојниот недостиг на отворена и инклузивна дебата во однос на прашањата и реформите потребни за надминување на забавените демократски процеси во земјата, моменталната поларизација на македонската политичка сцена и недостатокот на конструктивна политичка опозиција и дијалог, нарушените меѓуетнички односи и повторното поставување на етничките прашања во главните текови на македонското политичко битисување, нерешениот проблем околу „прашањето за името” и редица други отворени прашања
Во продолжение можете да прoчитате текст за промоцијата на Центарот за применети политики објавен во неделникот Глобус на 7.04.2009
