Јавна презентација на резултатите од проектот „Платформа за иновации во органското земјоделство“
На 16 октомври 2021 во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје беше одржана јавна презентација на резултатите од проектот „Платформа за иновации во органското земјоделство“ поддржан од програмата Еразмус +. Ова воедно беше и последен настан во рамки на истиот проект кој се имплементираше од ноември 2019 година во партнерсво со организации од Бугарија, Србија и Хрватска.

На настанот беа промовирани продуктите произведени во рамки на проектот (веб страната www.oaiplatform.com; Студија за состојбите со органското земјоделство во С. Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска, два прирачника, за органско земјоделство и брендирање на продукти и курикулим за органско земјоделство). Исто така на овој настан беа презентирани и идните планови на платформата која ќе продолжи да функционира со цел и понатаму да се промовира органското земјоделство во земјите од регионот.

