Деветтиот број на списанието Форум Аналитика тематски e посветен на мултикултурализмот. На темата мултикултурализам нема консензус во научната и политичката јавност. Конзервативните десничари го сметаат за штетен концепт кој го нарушува социјално-економскиот баланс во едно општество или, пак, националното ткиво во една држава. Радикалните левичари сметаат дека функционално мултикултурно општество е неопходен услов за здраво функционирање на државата и/или заедниците. Самиот концепт на мултикултурализам е научно проблематичен бидејќи често се однесува и апелира на различни општествени феномени.

Изданието на Форум Аналитика за мултикултурализмот можете да го преземете тука.