Студии на случај за спроведување на политиките за регионален развој во Република Македонија
Еден од резултатите на активностите на проектот Алијанса за регионален развој, кој го иницираа и спроведуваат организациите Форум ЦСИД од Скопје и Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола, со поддршка од Европската унија, е публикацијата „Студии на случај за спроведување на политиките за регионален развој во Република Македонија“.
Дванаесетте анализи кои ќе ги презентираме овде се напишани од неколку истакнати претставници на граѓанскиот сектор, активни и препознатливи во своите локални средини, и заинтересирани за состојбите во регионите на кои географски им припаѓаат. Некои од нив се од Скопје, но нивниот интерес не е врзан само за Скопскиот плански регион, туку истражуваат како функционираат развојните политики на ниво на повеќе региони.
