Студии на случај за спроведување на политиките за регионален развој во Република Македонија
Дванаесетте студии на случај за спроведување политики за регионален развој кои се презентирани во оваа публикација се еден од резултатите на активностите на проектот Алијанса за регионален развој, кој го иницираа и спроведуваа организациите Форум ЦСИД од Скопје и Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола во периодот од 2015 до 2017 г. со поддршка од Европската Унија, преку програмата ЕИДХР 2014-2015.
Една од главните цели на Алијансата е зголемување на транспарентноста на јавните политики за регионален развој во РМ со вклучување на претставници на граѓанското општество во сите процеси на планирање и спроведување на овие политики. И затоа најголемиот дел на активностите кои беа иницирани во рамки на проектот беа во насока на зголемување на свесноста помеѓу граѓанските организации, медиумите, општинските администрации, но и меѓу претставниците на месната самоуправа во некои општини, за големата важност која политиките за (рамномерен) регионален развој ја имаат за перспективите на државата.
Публикацијата можете да ја преземете тука.

