Вториот модул со деветтата генерација на слушатели на „Школата за активно граѓанство“ се одржа во Велес, во Хотел „Романтик“ од 06 – 08 мај 2016. На сесиите присуствуваа 23 учесници од кои најголемиот број беа студенти, но и членови на граѓански здруженија, политички партии и граѓански активисти.

Школата ја отвори извршниот директор на Форум ЦСИД, Слаѓан Пенев, по што следуваше предавањето на проф. д-р Љубомир Фрчкоски на тема Политичко и партиско кое беше проследено со работа во групи.

По ручекот следеше предавање на Ѓунер Исмаил, Претседател на одбор на Форум ЦСИД кој предаваше на тема „Македонскиот политички контекст“. Предавањето на г-дин Исмаил беше проследено со дискусија.

IMG_3898 IMG_3926

Првиот ден од вториот модул заврши со прикажување на филмот “Expeprimenter“. Филмот говори за познатиот социјален психолог, Стенли Милграм, кој во шеесетите години на минатиот век спроведе серија на радикални бихејвиорални експерименти, каде се  тестирала подготвеноста на обичните луѓе да ги почитуваат, односно да се потчинуваат на авторитетите. Филмот поттикна интересна дискусија меѓу учеснииците.

На вториот ден од Школата, Зоран Бојаровски, уредник во Алфа ТВ, истражувач и тренер, одржа две предавања: Алатки за комуникација во граѓанскиот сектор и  Социјалните медиуми како алатка за граѓански ангажман. Прадавањата беа проследени со работа во групи: Стратегија за комуникација со медиумите и Стратегија за употреба на социјални медиуми. Во рамки на на второто предавање, беше прикжан и краткиот докуметарен филм за Џозеф Кони, злосторникот од Уганда, одговорен за смртта на два милиони луѓе во војните во Африка. Филмот говори за организацијата „Невидливи деца“ која ја искористи  моќта на интернетот и социјалните медиуми и преку кампањата „Кони 2012“се обиде да ја подигне свесноста и да ја анимира светската јвност во обид за пронаоѓање на овој злосторник. По прикажувањето на овој филм, имаше интересна и жива дискусија со учесниците.

          WP_20160506_12_38_17_Pro WP_20160507_12_08_03_Pro

Третиот, и последен ден од Школата беше резервиран за панел дикусијата „Медиумите и граѓанскиот активизам“ со истакнатите новинари и активисти Мухамед Зекири, уредник во ТВ Шења и Џабир Дерала, од НВО Цивил. Тие исто така говореа за моќта на медиумите во контекст на граѓанскиот активизам, но и за сопствените искуства, со што предизвикаа интересни прашања од страна на учесниците.

По нив, предавање одржа новинарот и уредник во 24 Вести, и истакнат граѓански активист, Огнен Јанески. И неговото предавање „Кога новинарот станува активист?“ беше проследено со дискусија и бројни прашања од учесниците на Школата.

Вториот модул на Школата го затвори дискусија и заедничка евалуација на предавачите и алумнистите.

Следна планирана активност во рамки на Школата за активно граѓанство е заедничка алумни средба на последните четири генерации која ја планираме да се одржи на 17-19 јуни.