Работилница за претставници од Југозападен плански регион
Од 29 јуни – 01 јули, 2018 година, се одржа работилница за претставници од Југозападен плански регион како дел од проектот “Активни граѓани за добро владеење”, кој ФОРУМ ЦСИД го спроведува во рамки на Проект на УСАИД за граѓанско учество – Civic Engagement Project-Macedonia.
На работилницата учествуваа претставници од локалната самоуправа, претставници на граѓански организации од Југозападен плански регион, новинари, студенти, но и граѓани кои сакаат да гипрошират своите знаења.
Беа опфатени теми со кои учесниците на обуката ќе ги унапредат своите знаења во однос на нивното поактивно вклучување во процесите на донесување на одлуки, како и можностите за градење на партнерски однос помеѓу граѓаните и единиците на локалната самоуправа. Слушателите имаа можност да стекнат знаења и за можностите и начините за планирање и реализација на граѓански иницијативи, како и да чујат нешто повеќе за граѓанскиот активизам и начините на здружување на граѓаните по однос на важни прашања од истакнати претставници на граѓанскиот сектор во Република Македонија.
Мнозинство од учесниците изразија благодарност за квалитетот на обуката и експертите, посебно што се’ што беше кажано беше поткрепено со примери од секојдневието во Македонија.
Свои предавања одржаа: Ѓунер Исмаил, Претседател на УО на ФОРУМ ЦСИД; Зоран Бојаровски, истражувач и тренер; Зоран Јачев, Експерт за децентрализација и локална самоуправа; Борис Шарковски, Програмски директор на Фондација за развој на локалната заедница од Штип; Кристина Петреска Тодороска – Фестивал „ДримОн” и Димитри Голабоски одздружението „Аква“ од Струга
Повеќе фотографии од работилницата можете да погледнете тука

