На 22 септември 2018 во хотелот Београд во Струга беше промовирано видеото „Соживотот и говорот на омраза во Струга“. Видеото е изработено во рамки на кампањата „Сакаме меѓуетничка почит“ која ја спроведува група на млади од Струга, учесници во активностите на проектот „Активни граѓани за добро владеење“, што го реализира Форум ЦСИД како грантист на проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Автор на видеото е Мефаил Исмаили во соработка со уште пет учесници во активностите кои се спроведуваа во Југозападниот регион.  Тој преку деветмината соговорници, меѓу кои претставници на верските религии, муфтиството во Струга и Македонската православна црква, невладиниот секторот, Советот на општина Струга и Комисијата за односи меѓу заеднците, сакаше да покаже на кое ниво е соживотот во Струга и дали има говор на омраза. Главната оценка е дека во Струга има добар соживот, но понекогаш имало тенденции за предизвикување говор на омраза и меѓуетнички инциденти од лични интереси.
Соговорниците кажуваат дека претставниците на религиите никогаш не биле причина за говор на омраза и меѓуетнички инциденти, туку тие биле главен штитеник и се труделе да има подобар соживот во Струга. Обидите да има меѓуетничка нетолеранција доаѓале од индивидуи, кои имале лични интереси, не за интереси на општеството, вели Исмаили.  На крај јасно е прикажана пораката од сите говорници дека Струга ќе продолжи да биде пример на соживотот на различните заедници. Граѓаните треба да продолжат сами да работат да се потврди ова ниво на живеење.

Во продолжение погледнете го видеото.