Форум ЦСИД, во соработка со партнерите во проектот „Образование за урбано земјоделство за одржлива иднина“ финансиран од ЕУ преку програмата Еразмус + (Клучна акција 2, Партнерства за соработка во полето на образование за возрасни), создаде прирачник за сите оние кои се заинтересирани за урбано земјоделство. Овој прирачник е пред сè наменет за почетници во урбано земјоделство и има за цел да овозможи сеопфатно разбирање на урбаното земјоделство, од неговите основни концепти, до неговата примена во реалниот свет. Опсегот во овој прирачник опфаќа широк спектар на теми и практични совети, дизајнирани да ги задоволат почетниците, но и искусните урбани фармери.

Прирачникот можете да го преземете тука.