Мултикултурализмот и основните принципи на политичката култура беа вистинската тема во вистинско време, коментираа учесниците од петта генерација на првата сесија на Школата за политика која се одржа од 22 до 25 ноември во Скопје. Посетителите на школата се согласија дека принципите на мултикултурализмот во сите негови теориски сегменти, како и од искуствата од праксата, е модел кој обезбедува еднаква и соодветна партиципација на сите категории во кој се организирани граѓаните на една земја со разнолични групи на граѓани кои се определуваат според етничките, расните, социјалните, родовите или некои други заеднички карактеристики.