Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Полошкиот регион на Република Македонија да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Полошкиот регион ги спроведуваме во соработка со здружението Центар за едукација и развој од Теарце.

Главна цел на обуката е граѓаните да се информираат и поттикнат да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: соработката меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; транспарентност и отчетност на локалната самоуправа; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; добро владеење; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.

Огласот во целост можете да го преземете тука на:

Македонски јазик

Албански јазик