Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Вардарски плански регион на Република Македонија да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Вардарскиот регион ги спроведуваме во соработка со здружението „Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД “ од Кавадарци.

Главна цел на обуката е граѓаните да се информираат и поттикнат да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: соработка меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; транспарентност и отчетност на локалната самоуправа; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; добро владеење; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.

На овој повик можат да се пријават сите заинтерeсирани членови на граѓански организации од Вардарскиот регион, претставници на локалните самоуправи во Вардарскиот регион, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, и други засегнати заедници од Вардарскиот регион кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.

Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.

Обуката ќе се одржи од 15-17 март во хотел „Романтик“ – Велес.
Кандидатите е потребно да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторката на проектот Цветанка Михајловска: mihajlovska@forum-csrd.org.mk најдоцна до 26 февруари 2018 година (вторник).

Услови за пријавување:

  • Кандидатот да е од Вардарски плански регион (Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Градско, Лозово, Демир Капија, Свети Николе, Росоман).
  • Да е на возраст од 18-40 години.

Бидејќи бројот на учесници на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите кои ќе учествуваат на обуката. При селекцијата на кандидатите посебно внимание ќе се посвети на родовиот баланс и на вклучување на претставници на малцинствата и маргинализираните заедници.

Обуката ќе се одржи на македонски јазик, а презентери на обуката ќе бидат истакнати обучувачи.

Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од ФОРУМ ЦСИД.  Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници на обуката.

Повикот можете да го преземете тука.