Повик за учество во работилница
Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Североисточен плански регион на Република Македонија да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Североисточниот регион ги спроведуваме во соработка со здружението „Рурална коалиција“ од Куманово.
Главна цел на обуката е граѓаните да се информираат и поттикнат да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: соработка меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; транспарентност и отчетност на локалната самоуправа; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; добро владеење; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.
На овој повик можат да се пријават сите заинтерeсирани членови на граѓански организации од Североисточниот регион, претставници на локалните самоуправи во Североисточниот регион, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, и други засегнати заедници од Североисточниот регион кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.
Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.
Обуката ќе се одржи од 16-18 ноември во хотел „Кратис“ – Кратово.
Кандидатите е потребно да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторката на проектот Цветанка Михајловска: mihajlovska@forum-csrd.org.mk најдоцна до 30 октомври 2018 година.
Услови за пријавување:
- Кандидатот да е од Североисточен плански регион.
- Да е на возраст од 18-40 години
Бидејќи бројот на учесници на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите кои ќе учествуваат на обуката. При селекцијата на кандидатите посебно внимание ќе се посвети на родовиот баланс и на вклучување на претставници на малцинствата и маргинализираните заедници.
Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик, со консекутивен превод на албански јазик, а презентери на обуката ќе бидат истакнати обучувачи.
Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од ФОРУМ ЦСИД. Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници на обуката во рок од три дена по истекот на рокот за пријавување.
Повикот на македонски јазик можете да го преземете тука.
Повикот на албански јазик можете да го преземете тука.

