ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКИ
Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје, организира обуки за граѓански активизам во борбата против корупцијата, наменети за млади лица на возраст од 18 до 35 години. Обуките ќе се одржат на 24 и 25 ноември во Скопје и на 1 и 2 декември во Битола.

Обуката е наменета за сите заинтересирани млади членови на граѓански организации, претставници на младински здруженија, образовни институции, медиуми, локални самоуправи, маргинализирани групи и други млади граѓани кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење и зголемување на капацитетите за активизам. Учесниците на обуките ќе имаат можност да научат вештини за спроведување на граѓански иницијативи, особено во борбата против корупцијата.
Двајца искусни обучувачи ќе ги запознаат учесниците со законските одредби и практични примери за борба против корупцијата, мониторинг и евалуација на јавните услуги, соработката меѓу локалната администрација и граѓаните и други теми од областа на доброто владеење и транспарентност на јавните институции.
Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „YOUTH ACTIVISM AGAINST CORRUPTION: ENGAGEMENT AND PARTICIPATION“, кој е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ, во рамки на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.
Поканата можете да ја преземете тука.

