ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
ЗАПАДЕН БАЛКАН ЕУ И ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР
Прашањата поврзани со Западен Балкан неизбежно ќе бидат и оваа година во центарот на вниманието на ЕУ. Тоа главно се должи на претпоставките дека сè она што се случува и ќе се случува во овој регион, претставува главен предизвик за стабилноста во Европа.
Политикологот Дане Талески со помош на Прогрес Институтот за Социјалдемократија и Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија направи сериозна анализа за трансформација и интеграција на Западен Балкан во ЕУ по Лисабонскиот договор. Презентирајки ја анализата, авторот изнесе загрижувачки податок дека процесот на демократизација стагнира во целиот регион и дека тој тренд е посебно изразен од 2006 -2010 година.
“Ако графички би го прикажале овој процес тој веќе подолг период оди по рамна линија што е загрижувачки, бидејќи до 2006 година кривата на графиконот покажуваше значителен напредок во развојот на демократските процеси и реформите. Причината за ова може да се бара во подзатворената врата на ЕУ и во заморот на ЕУ од проширување, а истовремено самиот регион ја изгуби кондицијата во доближување кон Унијата, што во земјите од овој регион создава евроскептицизам. Земјите кои сакаат да влезат во ЕУ сметаат дека со влезот во Унијата демократизацијата ќе дојде сама по себе, наместо на демократизцијата да гледаат како на влезница во ЕУ”, вели Талески.
Според него, од 2006 година сме во застој во развојот на демократијата и тоа е регионална појава која генерално важи за сите земји, но во Македонија е поизразена бидејќи актуелната политичка гарнитура со своето однесување уште повеќе ја влошува состојбата и не покажува посветеност на реформите и на регионалната соработка, туку отвара нови проблеми.
БИЛАТЕРАЛНИ ПРОБЛЕМИ
Во регионот на Западен Балкан речиси да не постои земја која нема билатерлани проблеми. Почнувајќи од Словенија и Хрватска кои имаат спор околу границата, Црна Гора и Хрватска се земјите кои имаат добри односи, но го имаат замрзнато прашањето на полуостровот Превлака, кое сигурно ќе се отвори во текот на преговорите за членството во ЕУ. Серијата на проблемите останува отворена помеѓу Косово и Србија, Босна е оптоварена со проблемите внатре, но и кон соседството, Македонија има отворен билатерален проблем со Грција, но не треба да се занемаруваат и проблемите кои постојат и со Бугарија.
Во Европската Унија постои свесност за билатералните проблеми во овој регион, но изостануваат практични предлози како тие да се решат, поготово во овој момент кога ЕУ има сериозни финансиски проблеми да ја стабилизира еврозоната.
Дамијан Седар, политички советник во делегацијата на Европската Унија во Македонија смета дека овие држави можат сами да си помогнат во решавање и надминување на билатералните поблеми и истовремено да и помогнат на ЕУ.
“Ако овие земји се територијално компатибилни, зошто не би можеле да воспостават меѓусебна соработка како на пример скандинавските земји или земјите од Вишеградската група. Како еден од моделите за надминување на проблемите се и регионалните средби и регионалната соработка. Од разговорот и контактите кои ги имаме со Кетрин Ештон, таа ги охрабрува ваквите средби” смета Седар.
Истовремено ЕУ треба на некој начин да ги посрамоти своите членки кои го спречуваат доближувањето до ЕУ на некои земји условувајќи го тоа со решавање на билатералните спорови. Тука улогата на Советот за регионална сорабтока треба да биде уште посилна.
САМИТ ВО САРАЕВО
Новиот импулс на оваа сорабтока се очекува и на самитот во Сараево закажан за јуни месец. ЕУ сака сите нејзини партнери во регионот да бидат учесници на конференцијата во Сараево бидејќи идејата на самитот е да се испрати порака од страна на Унијата дека целиот Западен Балкан има европска перспектива.
Истовремено Унијата сака на овој самит попрецизно и подетално да види што е направено во сите овие држави во последните десет години, од конференцијата во Загреб во 2000 годна до денес и да се утврдат смерниците што понатаму. Поради тоа е многу важно во Сараево да бидат присутни сите земји од регионот.
Шпанскиот шеф на дипломатијата Мигуел Анхел Моратинос вели дека е постигнат договор јунскиот самит во Сараево да се одржи како неофицијална “гимних” (учество на сите според исти правила) средба на сите заинтересирани страин по углед на министерските конференции на ЕУ и дека за тоа е постигната согласнсот на сите страни.
“Ние сакаме на оваа конференција да учествуваат не само претставници на земјите од Западен Балкан и претставници на сите 27 земји членки на ЕУ, туку и САД, Руската Федерација и Турција, за да можеме заеднички да придонесеме и да ја гарантираме иднината на целиот регион на Западен Балкан” изјавил Моратинос.
За подобра организација и успехот на сараевскиот самит, во Виена и во Сараево ќе бидат одржани два семинара на експертско ниво, за да се утврдат темите кои ќе бидат во фокусот на состанокот во Сараево.
Од исклучителна важност за понатамошниот развој на регионалната соработка е оваа конференција да биде успешна, сите да земат учество и да помине во конструктивен дијалог, бидејки тоа е клуч за интеграција на целиот регион во ЕУ.
Прогнозите се дека сите земји од Западен Балкан до крајот на 2011 година би требало да добијат кандидатски статус, а со оние кои постигнале најголем напредок во 2012 година би требало да започнат преговори за членството.
Пред тоа сите земји од овој регион би морале да покажат подготвеност за решавање на сите меѓусебни проблеми – билатерлано или со посредство на трета страна. Во процесот е предвиден и мониторинг над напредокот на сите земји во пролетта 2011 година, вклучувајки го и Косово.
ШТО НУДИ ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР
Лисабонскиот договор се очекува да донесе многу покохерентна и повлијателна надворешна политика на ЕУ, пред сè поради тоа што Европскиот Совет сега има свој претседател и “министер за надворешни работи”, кој ке ја претставува ЕУ во странство.
До сега имавме дури “комична” ситуација, кога ако некој од партнерите на ЕУ сака да разговара за надворешна политика на Унијата или да се договара со ЕУ, практично немаше референтен соговорник. Сега Европската Унија и на институционално ниво има служба за надворешни работи на чие чело е баронесата Кетрин Аштон со свои претставништва.
Едно од многуте битни прашања кое бара одговор е зошто по серија на подобрувања и достигнувања во развојот на демократијата и пазарната економија дојде до застојот и во развојот на демократијата и во доближување кон Унијата. Една од причините е заморот на ЕУ и намалувањето на нејзиниот апсорбциски капацитет (што на пример не е случај со НАТО), а второто се билатералните прашања и проблеми помеѓу земјите во регионот кои во моментот претставуваат (и ќе претставуваат) најголема пречка за интеграциските процеси. Тие како такви ги ставаат често земјите од регионот во безизлезна ситуација за интегрирање.
Ако процесот на европеизација, односно доближување на Западен Балкан кон ЕУ можеме да го пдопелиме на циклуси, првиот циклус на индивидуалните реформи ќе биде заменет со потребата од трансформација на односите во овие земји во правец на разрешување на билатералните проблеми како услов за влез во ЕУ. Земјите од Западен Балкан мораат да престанат помеѓу себе да се третираат како непријатели и да почнат да се однесуваат како пријатели. Значи треба да се унапредат добрососедските односи и да се продлабочи регионалната соработка. Полето на соработката е широко, од одбрана, правда и внатрешни работи до политички иницијативи.
Само така ќе може да се изврши целосна трансформација на регионот и тој да стане составен дел на Унијата.
СТИМУЛАЦИИ
ЕУ обезбедува матерјален стимул за реформите, за зголемување на слободната трговија и за потикнување на регионалната соработка. Таквата вклученост на ЕУ најдобро може да се разбере во рамките на концептот на цивилната моќ на ЕУ.
Се чини, меѓутоа, дека кога е во прашање Западен Балкан тоа не е доволно за да се постигне крајната цел на надворешната политика на ЕУ, а тоа е трансформација и интеграција на Западен Балкан во Унијата.
Посматрајќи од тој аспект, очекувањата се дека со усвојувањето на Лисабонскиот договор, во спроведувањето на надворешната политика ЕУ ќе постигне поголема кохерентност, ќе внесе некои промени и новини и цивилната моќ која се служи, односно до сега се служеше со материјален стимулс, ќе биде надоградена со нормативна моќ. Оценувајќи го напредокот на Западен Балкан, до сега ЕУ се фокусираше на поединечните успеси и реформи во одредените земји, зенемарувајќи ја нивната меѓусебна интеракција и регионална соработка. Сега билатералните проблеми кои се наследени од минатото ја блокираат интеграцијата на регионот во ЕУ. За да се надмине оваа ситуација, ЕУ треба да го промени својот пристап кон нормативната моќ, и да започне втор циклус на трансформација кој ке се заснова на норми и вредности.
И Дамијан Седар, како патоказ за земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ го гледа Лисабонскиот договор. Според Седар, неговата предност е во тоа што сега имаме во рамките на ЕУ зајакнат капацитет во сферата на заедничката надворешна политика.
Александар Писарев
Форум ЦСИД
