Во рамки на проектот „YOUTH ACTIVISM AGAINST CORRUPTION: ENGAGEMENT AND PARTICIPATION“, Форум – Центар за стратешки истражувања и документација изминатите недели организираше две обуки за младински активизам во борбата против корупцијата. Обуките се одржаа во Скопје и во Битола, на нив учествуваа 50 млади луѓе од десетина градови од Македонија, а обучувачи беа Борјан Ѓузелов и Борис Шарковски.

Обуките беа наменети за сите заинтересирани млади членови на граѓански организации, претставници на младински здруженија, образовни институции, медиуми, локални самоуправи, маргинализирани групи и други млади граѓани кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење и зголемување на капацитетите за активизам. Учесниците на обуките имаа можност да научат вештини за спроведување на граѓански иницијативи, особено во борбата против корупцијата.

Дел од обучените учесници на обуките ќе имаат можност во текот на следните месеци да спроведат свои локални иницијативи за борба против корупцијата, кои ќе бидат менторирани од страна на обучувачите на двете обуки и од страна на тимот на Форум ЦСИД кој го спроведува проектот, кој е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ, во рамки на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.