На 15-ти септември 2017 година во Кино Култура во Скопје, во рамките на Недела на граѓански организации, ФОРУМ ЦСИД го прослави својот 20 годишен јубилеј. Во присуство на долгогодишните партнери, пријатели, соработници на тимот на ФОРУМ ЦСИД, како и поранешни соработници на магазинот ФОРУМ, беа одбележани 20-те години работење на брендот “ФОРУМ”. Изостанаа вообичаените панел дискусии и говори, а на присутните им беше прикажан 20 минутен документарен филм, во кој пријателите и соработниците ги сумираа најбитните моменти од работата и постоењето на организацијата.