Оглас
Со цел ефикасно и квалитетно спроведување на проектните активности во рамки на проектот „Алијанса за регинален развој“, Форум ЦСИД објавува оглас за преведувачи и лектори за превод на пишан материјал, устен (консекутивен и/или симултан) и лектура на пишани материјали неопходни за реализација на активностите на организацијата.
Сите заинтересирани и квалификувани преведувачи кои имаат минимум 5 години искуство за превод македонски – англиски и албански – македонски – англиски како и сите заинтересирани и квалификувани лектори со минимум 5 години искуство за лектура и јазична редакција на писмен превод на македонски и албански јазик се повикуваат да достават:
1. За преведувачи:
- Кратка Биографија (CV)
- Понуда што вклучува:
– Писмен превод (цена по страна – стандард 1800 карактери без проред);
– Симултан превод
– Консекутивен превод
Форумуларот за преведувачи можете да го преземете тука.
2. За лектори:
- Кратка Биографија (CV)
- Понуда што вклучува:
– Лектура на писмен превод (цена по страна -стандард 1800 карактери без проред);
– Јазична редакција (цена по страна – стандард 1800 карактери без проред).
Форумуларот за лектори можете да го преземете тука.
Ве молиме понудите за вашите услуги да ни ги испратите најдоцна до 10 август 2017, електронски на forumcsrd@forum-csrd.org.mk или по пошта на адреса бул. Партизански одреди, бр. 6/мезанин, 1000 Скопје.
