Форум – Центар за стратешки истражувања и документација, Скопје, (www.forum-csrd.org.mk) објавува оглас за волонтери.

Волонтерите треба да имаат основни знаења за правниот и политичкиот систем во државата, а особено за законите поврзани со работата на граѓанските здруженија и да помагаат во вршење на административните работи поврзани со спроведување на тековните активности на организацијата. Волонтерите ќе бидат ангажирани и за логистичка поддршка за настани организирани од Форум ЦСИД (конференции, обуки, работилници) во рамките на проектите на кои што работи здружението.

Волонтерите ќе бидат ангажирани  и за помош и поддршка на тимот на Форум ЦСИД со цел задржување на континуитетот на објава на веб содржини на веб страната на здружението и неговите профили на социјалните мрежи.

Активното време кое волонтерите ќе треба да го одвојат ќе биде не повеќе од 20 часа вкупно во неделата.

Волонтерите ќе добијат драгоцено искуство кое ќе можат да го искористат во својот личен и професионален развој.

За оваа волонтерска позиција е предвиден надоместок за волонтерски трошоци. Потенцијални волонтери се младите невработени лица и студенти.

Заинтересираните лица треба да достават кратко CV и мотивационо писмо на електронската адреса forumcsrd@forum-csrd.org.mk