Во септември и октомври се одржаа две обуки во рамки на проектот „Платформа за иновации во органското земјоделство“ поддржана од програмата Еразмус +.

       

 

 

 

 

 

 

Обуката „Основи на органското земјоделство“ се одржа во Белград од 11-15 септември. На оваа обука учествуваа 24 учесници од С. Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, а предавачи беа реномирани експерти од областа на органското земјоделство од овие земји.

Обуката „Креирање на бренд план“ се одржа во Скопје од 6-10 октомври. И на оваа обука учествуваше група на учесници од земјите кои беа партнери во проектот. Предавач беше експертот Петар Лазаров од партнерската организација Македонија – Експорт од Скопје.

   

Проектот беше затворен со организација на четири јавни настани во С. Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска, на кои беа презентирани резултатите од проектот.