По пауза од 8 години, Форум ЦСИД продолжи со објавување на журналот Форум Аналитика, кој во периодот од 1997 до 2008 година беше едно од ретките списанија кое нудеше исклучително релевантни анализи за некои од најважните стратешки прашања со кое се соочуваа Македонија и регионот. Свечената промоција на новиот број на списанието „Форум Аналитика“ се одржа на 20 октомври во Кино Култура во Скопје. „Обновувањето на списанието се совпадна со период кога на македонските улици се случија серијата протести кои кулминираа во последната година со протестите на Шарената револуција“ рече Ѓунер Исмаил, Претседател на Управниот одбор на Форум ЦСИД.

     04-atmosfera        03-debata
Изданието на Форум Аналитика број 12 беше проследено со дебата на тема „Протести“ и изложба на фотографии од авторот Александар Кондев, доајенот на македонската фотографија, кој со својот особен стил го овековечи граѓанскиот крик на македонските улици.
На настанот присуствува голем број на граѓани, активисти, како и пријатели на редакцијата на „Форум Аналитика“, а на дебатата свое учество земаа: Сашо Орданоски, Мариглен Демири, Искра Гешоска, Ризван Сулејмани, Бојан Иванов, Златко Теодосиевски, како и Ѓунер Исмаил.

02-gjuner

На промоцијата беше кажано дека е сега, можеби повеќе од кога било време да се продолжи со „Форум Аналитика“. Темата сама се наметна: граѓанските протести. Меѓу авторите кои се застапени во овој број на списанието, преовладуваат оние кои разбираат што е граѓанскиот активизам, можеби затоа што својот интелектуален и политички ангажман знаеја да го изразат и на самата улица, во густите редови на македонските граѓански протести.
Во овој број се поместени анализи на авторите Искра Гешовска, Африм Гаши, Бојан Иванов, Лура Положани, Сашо Ордановски, Мариглед Демири, Ана Блажевска и Златко Теодосиевски.