МЕЃУ ОХРИД И ДЕЈТОН: ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР
Редакцијата на списанието Sudosteuropa Mitteilungen во издание на Sudosteuropa-Geselllschaft), во четвртиот број (за 2007), ја објави анализата под наслов “Меѓу Охрид и Дејтон: Иднината на македонскиот рамковен договор” од Сашо Орданоски, програмски директор на Форум-ЦСИД и Александар Матовски, директор за истражувања во Форум-ЦСИД. Анализата нуди комапаративна анализа на предностите на Охирдскиот договор и испитува дали моменталната политичка динамика ќе му дозволи на меѓуетничкиот мир во македонија да ја задржи својата моментална форма или ќе има потреба да еволуира во поригиден квази федерален модел.

