Здружението „Агора“ е нова членка на мрежата „Заедница“
Мрежата „Заедница“ на 15 декември 2021 г. одржа седница на собранието на која се разговараше за тековните и следните активности на мрежата, а беше донесена и одлука да се прими нова членка, како седма граѓанска организација која е дел од оваа мрежа за реформи и развој на локалната и месната самоуправа.

Здружението на граѓани „Агора – Центар за промовирање граѓански вредности“ од Скопје работи во областите на родова рамноправност, децентрализација, локален економски развој и претприемништво, а за мисија има јакнење на капацитетите на сите општествени чинители и промовирање партиципативни и одржливи процеси кои ќе доведат до развој на заедниците.

