На 6 септември 2017 година во Хотел Александар Палас во Скопје ќе се одржи конференција посветена на политиките за рамномерен регионален развој, која ќе се одржи

Конференцијата е завршен настан на проектот „Алијанса за регионален развој“, инициран и спроведуван од Форум – Центар за стратешки истражувања и документација, Скопје и Младински инициијативи за дијалог и соработка, Битола.

Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани истражувањата и анализите спроведени во рамки на „Алијанса за регионален развој“ и ќе бидат споделени заклучоците поврзани со политиките за рамномерен регионален развој кои се спроведени во последните десет години како и препораките за воспоставување поефикасни механизми за развој на планските региони и намалување на диспаритетите помеѓу регионите.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а неговата главна цел е зголемување на транспарентноста на јавните политики за регионален развој во РМ со вклучување на претставници на граѓанското општество во сите процеси на планирање и спроведување на овие политики. Најголемиот дел на активностите кои беа иницирани во рамки на проектот беа во насока на зголемување на свесноста помеѓу граѓанските организации, медиумите, општинските администрации, но и меѓу претставниците на месната самоуправа во некои општини, за големата важност која политиките за (рамномерен) регионален развој ја имаат за перспективите на државата.

Конференцијата ќе ја отворат Кочо Анѓушев, Заменик Претседател на Владата задолжен за економски прашања и Претседавач на Националниот совет за рамномерен регионален развој при Владата на Република Македонија, Никола Беротлини, Раководител на Сектор за соработка во Делегацијата на Европската унија и Сухејл Фазлиу, Министер за локална самоуправа.

Агендата за настанот можете да ја преземете тука.

Агендата на албански јазик можете да ја преземете тука