Анализа – Колку општините ги поддржуваат граѓанските организации
Анализата КОЛКУ ОПШТИНИТЕ ГИ ПОДДРЖУВААТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ е првиот документ за јавни политики создаден од членките на Мрежата на граѓански организации за реформи и развој на локалната и месната самоуправа, која се нарекува и МРЕЖА ЗАЕДНИЦА.
Овој документ ги содржи резултатите од истражувањето за распределбата и искористеноста на средствата за здруженијата од општините од буџетската ставка 463 – Трансфер до НВО од општинските буџети за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година во општините во Република Северна Македонија. Оваа анализа е потребна за да се нагласи фактот дека одржливоста на здруженијата и транспарентноста и отчетноста во трошењето на јавните пари од страна на здруженијата не смее да се остави на волјата на локалните власти.
Во анализата се идентификувани голем број недоследности во врска со буџетските практики на ЕЛС за распределба на средства за здруженијата кои можат да се подобрат.
Документот може да го прочитате овде.

