Делувањето и придонесот на општините за рамномерниот регионален развој гледани низ призмата на користење на средства од Програмата за рурален развој, Бирото за рамномерен регионален развој, како и сопственото издвојување на средства од локалниот буџет
Автори: Лилјана Јоноски и Трајан Димковски
Лилјана Јоноски, магистерка по правни науки, отсек деловно право, зад себе има 10-годишно проектно искуство во секторот земјоделство, рурален развој, и во делот на едукацијата и трансфер на знаењата како долгогодишна едукаторка и соработничка на бројни научни установи во РМ. Како координаторка на проекти зад себе има успешна реализација на над 15 проекти со различна финансиска тежина, а од 2016 година ја извршува и функцијата извршна директорка на Рурална Коалиција. Меѓу другото и активна предавачка на БАС – Бизнис Академија Смилевски, и авторка на две стратегии за социјална инклузија на млади и жени за општините Кичево и Гостивар, како активна поборничка за родова рамноправност и социјално вклучување на жените и младите од руралните средини.
Трајан Димковски работи повеќе од 20 години во секторот земјоделство и рурален развој, како дипломиран агроном, добар познавач на состојбите во земјоделството и руралниот развој, а следењето, анализата, вклучувањето во аграрната политика, донесувањето на јавни одлуки и документи, утврдување на ефектите од истите кај земјоделецот и руралното население, произлегува од неговото долгогодишно искуство и работа во невладиниот сектор како долгогодишен извршен директор на Федерација на Фармерите на РМ. Учесник, реализатор и креатор на бројни анализи за потребите на граѓанскиот сектор, особено во делот на земјоделството и руралниот развој. До неодамна ја извршуваше функцијата претседател на Рурална Коалиција, а и понатаму останува соработник на организацијата.
Авторите имаат добри познавања на состојбите во граѓанскиот сектор преку спроведување на бројни канцелариски и теренски истражувања, пишување на трудови, учество во изработка на публикации, при што последните две публикувани анализи (Законот за земјоделство и рурален развој – основа за креирање на конкурентно земјоделство и Анализа со развиени препораки за унапредување на односите на институциите и земјоделските стопанства) произлегоа како резултат на нивната заедничка тимска работа во Рурална Коалиција.
Вовед
Рамномерниот регионален развој претставува една од основните развојни политики кои што државата ги предвиде од 2007 г. со донесување на Законот за рамномерен регионален развој, со кој што се утврди еден цел сет на мерки, политики, инструменти, па и поделба на територијата на државата на 8 плански региони, а сѐ со цел да се намали диспаритетот кој што постоел, а и сѐ уште постои во развојот на поголемите урбани центри или во последниве години може и слободно да се каже развојот на град Скопје и сите останати региони во Македонија. Политиката за рамномерен регионален развој го овозможи државниот интервенционизам во делот на развојот на недоволно развиените подрачја во државата, со издвојување на средства од Буџетот на државата согласно степенот на развиеност на подрачјата, а истата политика е воспоставена како таква и може да се оправда и објасни со еден факт: 43% од развојот или од учеството во БДП на државата отпаѓа на Скопскиот регион, додека пак најмалку развиениот Североисточен регион учествува со 5,55[1] и тоа по сите критериуми или индекси за развој во економската, социјалната, развојната и демографска компонента.
Но дали целокупниот регионален развој зависи и ДАЛИ треба да зависи исклучиво од тој 1% средства кој што законски државата треба да го издвојува секоја година од Буџетот? Или, пак, кога целосно се сака да се претстави сликата за рамномерноста во регионалниот развој и заложбите на општините кон истиот, треба предвид да се земат и други програми кои што државата ги обезбедила преку различните програми (домашни и меѓународни) за развој на недоволно развиените подрачја во општините ширум Републиката? Тука исто така би се споменале и би се зеле предвид и заложбите на самите општини преку вложувањата од буџетските средства со кои што располагаат во развојот на недоволно развиените и рурални подрачја кои што спаѓаат во нивните територии. Колкав и каков е тој удел, како тука се делат средствата, колку општините издвојуваат од своето сопствено локално ќесе, и која е улогата на Бирото за рамномерен регионален развој од аспект на соработката и заедничкото проектно и програмско работење со планските региони? Ова се само дел од прашањата на кои што одговорот може да го најдете подолу низ редовите на оваа анализа која што Рурална Коалиција – Куманово ја изработи со поддршка на Форум ЦСИД и Младински иницијативи за дијалог и соработка во рамки на проектот „Алијанса за регионален развој“, кој е поддржан од ЕУ, а во насока на сопствен придонес кон достигнување ако не на рамномерниот, барем на приближно рамномерниот развој на регионите.
Националната програма за рурален развој – дел од можностите за развој на регионите
Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој е плански и оперативен документ за спроведување на националната политика за земјоделство и рурален развој, која ги содржи политиките на пазарно-ценовна политика и мерки на рурален развој, мерките и инструменти презентирани во временски контекст и со индикативна финансиска рамка. Всушност, програмата ги поврзува стратешките документи на политиките, пред сѐ Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој и повеќегодишното буџетско планирање, со годишните оперативни програми и годишни уредби за спроведување на земјоделските и рурални политики. Согласно Законот за земјоделство и рурален развој и други закони, државната поддршка за земјоделството и руралниот развој која во програмата се проектира за периодот од следните пет години, ги опфаќа следниве шеми на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој:
– директни плаќања,
– уредување на пазарите на земјоделските производи,
– капиталните грантови за рурален развој (финансирани од национални и европските ИПАРД средства),
– поволно рурално кредитирање, и
– државна помош во земјоделството и руралниот развој, вклучувајќи и мерки за техничка помош.
Со Член 68 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ, РМ прифати обврска за усогласување на сопственото законодавство со законодавството на ЕУ. Политичкиот процес на пристап кон ЕУ преку преземените реформи, има за цел да го зголеми капацитетот на домашната економија да функционира со условите на единствениот европски пазар преку приближувањето на перформансите на македонските земјоделски производители кон европските стандарди за квалитет и безбедност на храната и согласно побарувачката на домашните и европските пазари во поглед на цената, квалитетот и очекувањето на потрошувачите. Оттука, заедничкиот европски модел на политики во земјоделството е неизоставен елемент на влијание во програмирањето на македонските земјоделски политики, со воспоставена директна интер-релација во програмирањето и имплементацијата, преку кофинансирање на дел од политиките за рурален развој преку петтата компонента на Инструментот за предпристапна помош (во понатамошниот текст ИПА). Прилагодување на политиките, институциите и законодавството во земјоделско-прехранбениот сектор кон стандардите на ЕУ претставуваат најсложеното поглавје од преговарачкиот процес за членство во ЕУ, поради обемноста на промени кои се очекуваат.
Од 2007 г. наваму, македонската политика на државна поддршка во земјоделството поприма значителни елементи на соодветната политика на ЕУ, но значителен дел од прилагодувањата преостануваат да бидат направени до пристапот. Политиките на директна поддршка во земјоделството се исклучително важен дел од процесот, поради висината на алоцираните средства која се издвојува за оваа намена во ЕУ и која е предмет на предпристапните преговори, и поради сложеноста на новите системи кои треба да се постават за да се поддржи спроведување на европски тип на политики на поддршка.
Меѓутоа, колку ваквата програма е ефективна и ефикасна во делот на придонес кон руралниот развој, но и колкав е придонесот на ваквата програма кон рамномерниот регионален развој? Имено, Програмата за рурален развој секоја година издвојува по минимум 25 милиони евра во рамки на мерките:
321 – Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини,
322 – Обнова и развој на селата, и
323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, како и мерките
413 и 431 кои се однесуваат на стратешко планирање и реализација на локалниот развој во руралните подрачја.
Од една страна, ако се издвојуваат годишно над 25 милиони евра само за 5 мерки од Програмата за рурален развој кои што се насочени и наменети за рамномерен регионален развој каде што општините имаат можност да аплицираат, а од друга страна пак, последните податоци и истражувања за регионален развој токму од Алијансата за регионален развој прикажуваат една слика на целосно нерамномерен регионален развој, при што најголемите вложувања од оној законски дел од 1% повторно завршуваат во Скопје, па Североисточниот плански регион е сѐ уште на најниско ниво на развој, а Југозападниот регион учествува во бруто-домашниот производ само со 7,9%, наспроти 43% на Скопскиот регион, тогаш каде се гледаат ефектите од средствата кои што се вложуваат во руралниот и регионален развој на државата?
Дел од одговорите ги бараме во детална анализа на предвидените, издвојувани, но и реализирани средства по основ на овие мерки по општините за годините 2013, 2014 и 2015 г. како целосно буџетски реализирани години. Програмата за рурален развој за 2013 г. од вкупно издвоените 1.057.000.000 денари за наведените мерки предвидела вкупно 310.000.000 денари или нешто повеќе од 1/3 од вкупно издвоените средства.
Табела 1: Мерки за локален рурален развој достапни за користење од страна на општините предвидени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година
| 321 | Развој на јавна инфраструктура во јавни средини | 230.000.000 |
| 322 | Обнова и развој на селата | 35.000.000 |
| 323 | Зачувување и обновување на традиционалните вредности во руралните подрачја | 39.000.000 |
| 411 | Поддршка за здобивање на знаења и вештини за подготвување и реализација на стратегии за локален развој на рурални средини | 2.000.000 |
| 413 | Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини (подготвени од ЛАГ/или од локалната самоуправа) | 4.000.000 |
Извор: Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година
Доколку се утврди распределбата по општини и региони за тековната година сликата би изгледала вака: Во рамките на мерката 321 вкупно биле реализирани 114.901.774 денари или 50% проценти на реализација во однос на вкупно предвидените средства за оваа мерка. Исто така, интересен е и фактот што постои голема разлика во однос на висината на средствата што ги добивале општините. Но, тоа од друга страна воопшто не зависи од факторите: големина на територија на општина, човечки ресурси, буџет и капацитети на општината. Ако на пример, се спореди Општина Штип, која што се смета за една од поразвиените општини во Р. Македонија, што го докажува и со фактот дека подеднакво се вложувало и во руралната инфраструктура со оглед на тоа што оваа општина реализирала 12.143.439 денари, со Општина Кратово како една од помалите општини во Североисточниот регион (кој што според сите класификации[2] е најмалку развиен), а искористила за 2013 г. вкупно 11.794.192 ден. Или пак, цел Североисточен регион е втор по користење на средства од оваа програма во однос на останатите плански региони, што говори за еден друг факт, односно дека се вложува поприлично во руралната инфраструктура, меѓутоа истата или не е доволно видлива или средствата не го даваат ефектот за развојот на руралната инфраструктура или развојот на селата да заземе дел во процентот регионалниот развој. Најмалку средства за 2013 г. искористиле општините од Југоисточен регион, што е и помалку запрепастувачки со оглед на фактот дека поголемиот дел од општините во овој регион се рурални или пак се препознатливи по производство на земјоделски производи. Општина Струмица, Босилово, Валандово воопшто и немаат користено средства од оваа програма за 2013 г., а вкупниот износ на средствата по сите основи и мерки кои што се користеле изнесуваат приближно колку што општина Штип искористила како една општина од Источниот регион. Полошкиот и Скопскиот регион спаѓаат исто така помеѓу општините кои што искористиле најмалку средства од оваа програма – 15, односно 13 милиони денари, што може да се оправда со фактот дека претежно станува збор за урбани центри кои што средствата за развој ги влечат по други основи, а тоа се потврдува и со политиката за рамномерен регионален развој каде што најразвиениот регион добива и најмалку средства, што, исто така, говори и за големите разлики кои што постојат во однос на финансирањето на општините и нивниот придонес кон рамномерниот регионален развој. По основ на инвестиции во руралните средини, Североисточниот регион, иако повлекува најголем дел од средствата, според наведените податоци најмалку вложува. Деталните податоци за секоја од општините се прикажани на табелата што следува:
Табела 2: Висина на средства исплатени по мерки и по општини за 2013 година од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
| Североисточен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Куманово | |||||
| Липково | |||||
| Кратово | 11.794.192 | ||||
| Крива Паланка | 2.629.307 | 2.905.439 | |||
| Ранковце | 4.540.191 | 2.512.921 | |||
| Старо Нагоричане | 2.694.719 | ||||
| Вкупно: | 21.658.409 | 5.418.360 | 27.076.769 | ||
| Вардарски регион | |||||
| Велес | |||||
| Градско | 1.837.560 | ||||
| Демир Капија | 2.395.551 | 292.000 | |||
| Кавадарци | |||||
| Лозово | |||||
| Неготино | 8.226.027 | 5.653.507 | |||
| Росоман | 910.318 | ||||
| Свети Николе | 1.003.163 | 1.475.280 | |||
| Чашка | 3.914.504 | ||||
| Вкупно: | 15539245 | 8.331.105 | 1.837.560 | 25707910 | |
| Источен регион | |||||
| Берово | 200.000 | ||||
| Виница | |||||
| Делчево | 860.000 | ||||
| Зрновци | 5.563.897 | 840.000 | |||
| Карбинци | 3.862.322 | 990.280 | |||
| Кочани | 4.137.717 | 859.782 | |||
| Македонска Каменица | 707.313 | ||||
| Пехчево | 714.408 | 579.889 | |||
| Пробиштип | 2.248.276 | 8.660.150 | |||
| Чешиново-Облешево | 2.846.000 | ||||
| Штип | 12.143.439 | ||||
| Вкупно: | 27371247 | 15.412.275 | 2429951 | 45213473 | |
| Југозападен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Вевчани | 612.072 | ||||
| Дебар | 597.390 | ||||
| Дебарца | 9.338.746 | 3.459.144 | |||
| Кичево | |||||
| Македонски Брод | 1.265.045 | 767.149 | |||
| Охрид | |||||
| Пласница | 1.200.000 | 1.074.840 | |||
| Струга | |||||
| Центар Жупа | 387.551 | ||||
| Вкупно: | 12191342 | 6.510.595 | 18701937 | ||
| 2013 | |||||
| Југоисточен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Богданци | 1.280.887 | ||||
| Босилово | |||||
| Валандово | |||||
| Василево | 3.836.818 | 836.090 | |||
| Гевгелија | 3.237.136 | ||||
| Дојран | |||||
| Конче | 1.620.663 | 563.433 | |||
| Ново Село | 769.124 | 393.440 | |||
| Радовиш | |||||
| Струмица | |||||
| Вкупно: | 10.744.628 | 393.440 | 1.399.523 | 12.537.591 | |
| Пелагонски регион | |||||
| Битола | |||||
| Демир Хисар | 1.983.709 | ||||
| Кривогаштани | 2.860.430 | 824.200 | |||
| Крушево | 2.893.703 | ||||
| Могила | 275.120 | 594.245 | |||
| Прилеп | |||||
| Ресен | 1.743.999 | 418.866 | 1.857.608 | ||
| Новаци | 3.945.218 | ||||
| Долнени | |||||
| Вкупно: | 13.702.179 | 1.837.311 | 1857608 | 17.397.098 | |
| Полошки регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Боговиње | |||||
| Брвеница | 2.809.988 | 639.939 | |||
| Врапчиште | 1.282.535 | 2.339.600 | |||
| Гостивар | |||||
| Желино | 3.138.483 | 1.949.000 | |||
| Јегуновце | 2.487.646 | ||||
| Маврово и Ростуше | 643.728 | ||||
| Теарце | |||||
| Тетово | |||||
| Вкупно: | 10362380 | 4.928.539 | 15290919 | ||
| Скопски регион | |||||
| Арачиново | 2.394.380 | ||||
| Зелениково | |||||
| Илинден | 453.000 | ||||
| Петровец | 2.597.964 | 2.635.386 | |||
| Сопиште | |||||
| Студеничави | |||||
| Чучер-Сандево | |||||
| Град Скопје | |||||
| Шуто Оризаре | 707.380 | ||||
| Кисела вода | 3.267.523 | ||||
| Гази баба | 1.288.112 | ||||
| Вкупно: | 3305344 | 8.297.289 | 1.741.112 | 13343745 |
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Мерките 411 и 413 воопшто не се искористени од страна на општините, т.е. ЛАГ-овите, што претставува уште еден интересен факт за стратешкиот пристап на општините кон локалниот развој, а може да претставува и посебна тема за идно истражување и анализа, односно да се пронајдат одговори на прашањата колку внимание обрнуваат општините на стратешкиот пристап во однос на тоа дали изготвуваат и колку ги практикуваат стратегиите за локален економски развој. Дали Локалните Акциски Групи за кои што и се наменети овие средства, вклулувајќи ги тука и општините во рурални средини, се доволно упатени за користење на овие средства, но и колку го даваат ефектот т.н. ЛАГ-ови, освен што се промовираат како уште една мерка за приближување на земјоделството кон земјоделската политика на ЕУ и акредитација на истата заради користење на нови фондови и средства од ИПАРД програмата. Тука остануваат отворени бројни прашања, како и тоа дали доколку овие средства се неискористени, можеби треба да се размислува за промена на пристапот или повеќе да се вложува во реално заживување на ЛАГ-овите, а не нивно формирање само како про-форма и сето тоа во насока на изнаоѓање на вистинскиот модел за што поголем процент на искористеност на ИПАРД средствата, чие што искористување во моментов може да се сведе на минимум (само 15% од ИПАРД 1),[3] па голем дел од средствата заради неподготвеност се враќаат назад.
За 2014 г., како што може да се забележи и од табелата подолу, се јавуваат драстични зголемувања на средствата, меѓутоа она што е најзначајно и што треба да се напомене е дека најголемиот дел од износот на средствата се наменети за подмирување на обврските во истите тие мерки за претходните години, па така за мерката 321 од 335.000.000 денари дури 331.151.991 денар се наменети за подмирување на обврски од претходната година или дури цели 99% од средствата.
Табела 3: Мерки за локален рурален развој достапни за користење од страна на општините, предвидени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година
| 321 | Развој на јавна инфраструктура во јавни средини | 335.000.000 |
| 322 | Обнова и развој на селата | 140.000.000 |
| 323 | Зачувување и обновување на традиционалните вредности во руралните подрачја | 90.000.000 |
| 411 | Поддршка за здобивање на знаења и вештини за подготвување и реализација на стратегии за локален развој на рурални средини | 2.000.000 |
| 413 | Реализација на стратегии за лоикален развој на рурални средини (подготвени од ЛАГ/или од локалната самоуправа) | 4.000.000 |
Извор: Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година
Слична е состојбата со средствата и за мерките 322 и 323, при што за 322 нови средства за користење се само 5 милиони денари. Ова како факт или податок е интересен и секогаш треба да се има во предвид, бидејќи граѓаните многу ретко, а земјоделците, пак, уште помалку имаат точни информации за реалната висина на средства која што се доделува. Тука се наоѓаат и дел од причините зошто толку многу потрошените милиони денари не го даваат ефектот кој што се очекува и зошто толку малку средствата од руралниот развој се видливи во делот на рамномерен регионален развој.
Кога ќе се земат предвид средствата кои што за 2014 г. се доделени по општини, за дел од општините се повторува истата слика, односно целосно рурални средини/општини не искористиле ниту денар од средствата, додека, пак, и понатаму поголемиот дел од средствата ги користат урбаните центри. Така на пример, општините Липково, Лозово, Виница, Дојран, Валандово, Боговиње не користеле воопшто средства од програмата, а се рурални општини. Од друга страна, се забележува и зголемување на процентот на искористеност на средствата во Југоисточниот регион, така што, на пример, Општина Василево по основ на сите три мерки 321, 322, 323 за подобрување на руралната инфраструктура, изградба на патишта, уредување на површини итн. вкупно искористила 30.136.479 денари. Драстични разлики во нагорна линија се забележуваат и во висината на средствата кои што се искористени по региони, при што Источниот регион за рурален развој искористил дури 84.712.680 денари, што е речиси двојно повеќе во однос на 2013 г.. Особен пораст на искористените средства се јавуваат кај Југоисточниот и Југозападниот регион, кои што за 2014 г. искористиле над 58 милиони денари во споредба со претходните 12, односно 18 милиони денари. „Дел од причините за ваквото зголемување на искористените средства се должи како на зголемениот фонд за средства иако истите се префрлаат за наредната 2015 г. за исплата, но исто така и на зголемениот обем на информации, најави за повиците, како и надградба на знаењата кај вработените во општините“, тврди Бранко Андонов, раководител на секторот за локален и економски развој во Општина Василево[4].
Тука би направиле и една паралела со останатите параметри кои што го мерат развојот на регионите и доколку се земе предвид растот на БДП по региони како еден од најрелевантните показатели за вкупен развој на регионите, може да се увиди дека и во тој дел она што претходно се споменува за растот и искористеноста на средствата во делот за развој и унапредување на селата се гледа и во вкупните активности и раст на БДП по регионите, кои што за 2014 г. биле најактивни и во искористувањето на средствата од Националната програма за рурален развој.
Табела 4: БДП по региони, за 2006, 2010 и 2014 година[5]

Имено, податоците за оваа категорија покажуваат дека споредено со 2006 г. постои намалување на уделот на Скопскиот регион во вкупниот БДП на државата, минимален, но постојан раст на најнеразвиениот регион, Североисточниот, и веќе сигурен раст на Југоисточниот регион, кој последниве години редовно забележува БДП по глава на жител над просечниот на ниво на државата, а неговиот удел во вкупниот БДП пораснал од 7,6% (2006) на 10% (2014), а пораст се бележи и кај Источниот регион. Тоа впрочем се и трите региони кои што особено во 2014 г. забележале значително искористување на средствата наменети за рурален развој, со што нивниот ефект се одразува и во останатите показатели. Деталните податоци за распределбата на средствата за рурален развој за 2014 г. може да се согледа и со следниов табеларен приказ:
Табела 5: Висина на средства исплатени по мерки и по општини за 2014 година од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
| Североисточен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Куманово | 998.800 | ||||
| Липково | |||||
| Кратово | 16.978.183 | 3.325.672 | 9.085.708 | ||
| Крива Паланка | 2.629.307 | ||||
| Ранковце | 4.540.191 | 2.512.921 | |||
| Старо Нагоричане | 2.694.719 | ||||
| Вкупно: | 26.842.400 | 5.838.593 | 9.085.708 | 41.766.701 | |
| Вардарски регион | |||||
| Велес | 4.992.790 | 1.203.266 | |||
| Градско | 1.837.560 | ||||
| Демир Капија | 11.966.770 | 292.000 | |||
| Кавадарци | |||||
| Лозово | |||||
| Неготино | 8.226.027 | 5.653.507 | |||
| Росоман | 4.539.586 | ||||
| Свети Николе | 1.003.163 | 1.475.280 | |||
| Чашка | 3.914.504 | ||||
| Вкупно: | 25110464 | 16.953.163 | 3.040.826 | 45104453 | |
| Источен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Берово | 200.000 | ||||
| Виница | |||||
| Делчево | 3.962.448 | 4.292.884 | |||
| Зрновци | 5.563.897 | 4.101.804 | |||
| Карбинци | 19.311.601 | 4.951.375 | |||
| Кочани | 4.137.717 | 4.298.908 | |||
| Македонска Каменица | 707.313 | ||||
| Пехчево | 258.042 | 714.408 | 579.889 | ||
| Пробиштип | 2.248.276 | 8.660.150 | |||
| Чешиново-Облешево | 2.846.000 | ||||
| Штип | 15.266.955 | 2.611.013 | |||
| Вкупно: | 50.164.532 | 24.717.976 | 9830172 | 84.712.680 | |
| Југозападен регион | |||||
| Вевчани | 2.881.201 | ||||
| Дебар | 2.985.713 | ||||
| Дебарца | 9.338.746 | 3.459.144 | |||
| Кичево | 4.870.893 | ||||
| Македонски Брод | 5.837.684 | ||||
| Охрид | 15.411.917 | 3.526.506 | |||
| Пласница | 5.999.994 | 1.074.840 | |||
| Струга | 2.597.964 | ||||
| Центар Жупа | 387.551 | ||||
| Вкупно: | 39573856 | 18.798.297 | 58372153 | ||
| Југоисточен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Богданци | 5.715.204 | ||||
| Босилово | 1.770.790 | 337.347 | |||
| Валандово | |||||
| Василево | 19.081.230 | 10.220.159 | 835.090 | ||
| Гевгелија | 3.237.136 | ||||
| Дојран | |||||
| Конче | 8.103.284 | 563.433 | |||
| Ново Село | 769.124 | 1.967.200 | 1.700.000 | ||
| Радовиш | 359.998 | ||||
| Струмица | 3.869.767 | ||||
| Вкупно: | 38.676.768 | 12884704 | 6968290 | 58.529.762 | |
| Пелагонски регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Битола | 399.524 | ||||
| Демир Хисар | 1.983.709 | ||||
| Кривогаштани | 2.860.430 | 824.200 | |||
| Крушево | 2.893.703 | ||||
| Могила | 1.300.353 | 2.971.149 | |||
| Прилеп | 4.863.981 | ||||
| Ресен | 8.685.307 | 2.019.279 | 6.861.191 | ||
| Новаци | 3.945.218 | 4.182.439 | |||
| Долнени | |||||
| Вкупно: | 21668720 | 11.078.133 | 11043630 | 43790483 | |
| Полошки регион | |||||
| Боговиње | |||||
| Брвеница | 13.559.339 | 3.148.578 | |||
| Врапчиште | 6.115.335 | 2.339.600 | |||
| Гостивар | |||||
| Желино | 3.138.483 | ||||
| Јегуновце | 12.417.797 | 889.926 | |||
| Маврово и Ростуше | 643.728 | ||||
| Теарце | |||||
| Тетово | 2.283.786 | 1.394.239 | |||
| Вкупно: | 38158468 | 7.772.343 | 45930811 | ||
| Скопски регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Арачиново | 2.394.380 | ||||
| Зелениково | 649.612 | 801.385 | 575.000 | ||
| Илинден | 13.306.856 | 2.262.387 | |||
| Петровец | 10.224.581 | 2.635.386 | |||
| Сопиште | |||||
| Студеничави | |||||
| Чучер-Сандево | |||||
| Град Скопје | 1.710.832 | ||||
| Шуто Оризаре | 707.380 | ||||
| Кисела вода | 3.267.523 | ||||
| Гази баба | 1.288.112 | ||||
| Центар | |||||
| Вкупно: | 24888429 | 9.098.674 | 5836331 | 39823434 | |
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
И за 2014 г., како и за претходната, средствата од мерките 411 и 413 кои што се однесуваат на поттикнување на стратешкиот развој на локално ниво не се доделени, па се поставува прашањето каде и за што се овие средства пренаменети и потрошени. И повторно тука се поставува прашањето дали тоа значи дека општините не се заинтересирани за стратешки развој на регионите или, пак, треба да се промени пристапот на доделување на овие средства, прецизноста, но и достапноста на информациите за користење на ваквите средства итн.
За 2015 г., за мерката 321, се издвоени 280.792.030 денари, поконкретно за:
– инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување помеѓу две или повеќе села со максимална должина од 5 км,
– за поврзување на села со регионален пат или со населено место – град со должина до 7 км,
– за изградба на канализациони и водоснабдителни станици,
– за инвестиции во објекти и опрема за продажба на жив добиток, како и
– за домови за култура и опрема и домови за деца во рурални средини.
Со напомена што исто како и за претходната година најголемиот дел од овие средства, или дури 240.792.030 денари, се наменети за подмирување на обврски за веќе отпочнати проекти од претходната 2014 г., со што за нови инвестиции предвидени се само 40.000.000 денари. Слична е состојбата и со останатите две мерки, со тоа што во овој дел би требало да се напомене дека драстично расте сумата издвоена за мерката 323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини (дури за цели 186 милиони денари), што подразбира инвестиции во локална патна инфраструктура во должина до 2 км, потоа означување на културни и природни знаменитости, уредување на излетнички места, патна инфраструктура околу природни знаменитости во рурални средини (велосипедски патеки, патеки за пешачење итн.), како и за озеленување на површини. Но она што е овде значајно да се напомене е што право на користење на овие средства имаат и ЈП Македонски Шуми, како и Министерството за транспорт и врски, на кое што му се однапред доделени 130.000.000 денари за распределба по пат на оглас за јавни набавки. Исто така околу 136.000.000 денари се наменети за подмирување на обврски од претходните две години за инвестиции во истата мерка со што и овде јасен е показателот дека не станува збор за нови средства или фондови, туку само се префрлаат веќе отпочнатите проекти и неподмирените долгови од претходните години.
Сликата за распределбата на средствата по региони за 2015 г. речиси и целосно да се поклопува, односно сложува со севкупниот регионален развој (што не беше случај со претходните години, барем во доменот на вложувања во руралниот развој), односно најголемиот процент од средствата или над 92 милиони денари завршуваат во Скопскиот регион, а најмал дел од нив, односно само 36 милиони, за Североисточниот регион, што според сите параметри важи за најслабо развиен регион во Македонија.
Табела 6: Висина на средства исплатени по мерки и по општини за 2015 година од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
| Североисточен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Куманово | |||||
| Липково | |||||
| Кратово | 5.225.312 | 7.191.934 | |||
| Крива Паланка | 3.743.274 | 14.895.132 | 2.991.493 | ||
| Ранковце | 1.988.852 | ||||
| Старо Нагоричане | |||||
| Вкупно: | 3.743.274 | 22.109.29 | 10.183.42 | 36.035.997 | |
| Вардарски регион | |||||
| Велес | 4.281.994 | 3.766.450 | 4.791.795 | ||
| Градско | 1.061.894 | 5.410.351 | |||
| Демир Капија | 7.121.495 | 2.349.869 | |||
| Кавадарци | |||||
| Лозово | |||||
| Неготино | 15.301.112 | 7.868.357 | 2.991.624 | ||
| Росоман | |||||
| Свети Николе | 1.942.137 | 1.028.409 | |||
| Чашка | 13.990.469 | ||||
| Вкупно: | 43.699.101 | 19.395.02 | 8.811.828 | 71.905.95 | |
| Источен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Берово | 1.259.863 | 2.002.274 | |||
| Виница | 11.796.793 | ||||
| Делчево | |||||
| Зрновци | 2.193.370 | 1.272.905 | |||
| Карбинци | |||||
| Кочани | 13.107.458 | 7.078.183 | 1.578.368 | ||
| Македонска Каменица | 1.205.782 | ||||
| Пехчево | 1.198.379 | ||||
| Пробиштип | 2.191.497 | 3.305.967 | |||
| Чешиново-Облешево | 758.166 | ||||
| Штип | 13.373.130 | 6.948.679 | 5.810.662 | ||
| Вкупно: | 44.132.902 | 21.528.47 | 9420101 | 75.081.47 | |
| Југозападен регион | |||||
| Вевчани | 5.748.092 | ||||
| Дебар | 800.000 | ||||
| Дебарца | 7.001.169 | 7.986.453 | 5.725.800 | ||
| Кичево | 1.240.862 | ||||
| Македонски Брод | 14.383.477 | 5.247.571 | |||
| Охрид | 12.049.259 | 6.774.418 | |||
| Пласница | 4.021.383 | 2.204.862 | 4.793.986 | ||
| Струга | |||||
| Центар Жупа | 10.829.259 | ||||
| Вкупно: | 48284547 | 21986978 | 18535066 | 88806591 | |
| Југоисточен регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Богданци | 1.870.388 | ||||
| Босилово | 17.545.092 | 5.468.371 | 1.848.410 | ||
| Валандово | 13.584.198 | ||||
| Василево | 3.610.515 | 2.086.770 | 2.303.904 | ||
| Гевгелија | 3.442.205 | 2.994.398 | 2.236.960 | ||
| Дојран | |||||
| Конче | 3.051.103 | 1.718.577 | |||
| Ново Село | 1.321.736 | 9.761.275 | |||
| Радовиш | 9.757.071 | ||||
| Струмица | |||||
| Вкупно: | 40.052.398 | 14922378 | 27.626.19 | 82.600.97 | |
| Пелагонски регион | |||||
| Битола | |||||
| Демир Хисар | 921.675 | 2.669.580 | |||
| Кривогаштани | 2.045.389 | 6.515.697 | |||
| Крушево | |||||
| Могила | 3.985.784 | 10.174.773 | |||
| Прилеп | 19.952.947 | 3.103.934 | |||
| Ресен | 3.499.817 | 6.033.770 | |||
| Новаци | 19.764.524 | 973.206 | 1.227.868 | ||
| Долнени | 3.631.480 | 2.500.000 | 629.132 | ||
| Вкупно: | 53801616 | 15.762.41 | 18065543 | 87629576 | |
| Полошки регион | 321 | 322 | 323 | ||
| Боговиње | 15.534.060 | ||||
| Брвеница | 5.969.772 | ||||
| Врапчиште | 11.744.695 | ||||
| Гостивар | |||||
| Желино | 3.282.070 | 9.585.971 | 9.902.451 | ||
| Јегуновце | 2.062.446 | 1.742.848 | 2.141.261 | ||
| Маврово и Ростуше | 1.428.480 | ||||
| Теарце | |||||
| Тетово | 4.000.000 | 1.803.000 | 3.000.000 | ||
| Вкупно: | 38.051.751 | 19101591 | 15043712 | 72.197.05 | |
| Скопски регион | |||||
| Арачиново | 10.260.752 | ||||
| Зелениково | 5.362.074 | ||||
| Илинден | 2.431.856 | 10.999.187 | 5.245.231 | ||
| Петровец | 16.868.879 | ||||
| Сопиште | 3.784.423 | 1.299.971 | |||
| Студеничани | 3.119.899 | 6.195.110 | |||
| Чучер-Сандево | |||||
| Град Скопје | 1.803.576 | ||||
| Шуто Оризаре | |||||
| Кисела вода | |||||
| Гази баба | 8.370.156 | 1.956.975 | |||
| Центар | |||||
| Бутел | 1.617.159 | ||||
| Сарај | 3.882.060 | ||||
| Ѓорче Петров | 9.043.042 | ||||
| Вкупно: | 38.043.460 | 34848095 | 19348795 | 92.240.35 | |
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Проактивноста на општините – клучен сегмент за забележителни вложувања во локалниот и регионален развој (другата страна на приказната)
При спроведувањето на анализата, податоци беа прибрани и од истражување на терен со претходно изработен прашалник, кој што беше доставен до вкупно 50 општини од сите плански региони, на кој повратен одговор доставија вкупно 26, или повеќе од половината контактирани општини, што од вкупниот број на општини изнесува околу една третина. Она што најпрво говори за транспарентноста и отчетноста на самите општини е од самиот однос кон прашалникот и одговарањето на истиот. И покрај тоа што беше контактирано со општините и телефонски, а прашалниците доставени во електронска и хартиена верзија, одговори на истите стигнаа во најголем број од страна на помалите и рурални средини (со исклучок на Штип, Битола, Охрид и Струмица). Тоа, впрочем, најдобро може да се види и од графиконот бр. 1, кој што говори за бројот на жители на општините кои што го одговориле прашалникот, како и од процентот на рурални средини кои што припаѓаат на територијата на општината, од каде што јасно може да се види дека средствата им се најпотребни, па и најголем процент од истите користат оние општини чија што територија е претежно рурална средина (графикон бр. 2)
Графикон бр. 1 – Број на жители по општини

Графикон бр. 2 – Процент на рурални средини во општините

Тоа говори и за фактот дека станува збор за мали територии и мали инвестиции, бидејќи истите со многу голем процент не може да влезат севкупно во регионалниот развој. Тоа може да се увиди и од одговорот на прашањето „Колку висината на средства од Националната програма за рурален развој влијае или има удел во регионалниот развој?“, каде што најголемиот дел од општините, односно 58%, на скала од 1 до 5 тоа влијание го оцениле со 2, со што се доаѓа и до одговорите на дел од прашањата поставени на почетокот на анализата, односно дека ваквите средства и немаат голем удел или ефект, или, пак, не се доволно видливи кога говориме за рамномерен регионален развој, а причините за тоа беа веќе претходно наведени.
Кога станува збор за соработката на општините со Бирото за рамномерен регионален развој, истата е оценета со 4 или 5, а од тука можеби и произлегува фактот дека 50% од испитаните општини сметаат дека распределбата на средствата по региони е добра, односно дека нема големи разлики или фаворизирања, па дури ни доколку како фактор се земе партиската припадност на градоначалниците (само 18% сметаат дека овој фактор има влијание, и тоа најчесто ако станува збор за општина каде што градоначалникот е од опозициската партија), а исто така постојано ја следат и работата на Советот за рамномерен регионален развој, освен Општина Струга која што не изразила интерес и потреба да ја следи работата на ова тело, а за одлуките донесени на седниците на Советот се информира по службен пат.
Кога станува збор за буџетски средства, освен оние кои што ги користат од Програмата за рурален развој за периодот 2013, 2014, 2015, која што беше и во фокусот на анализата, општините за локален развој издвојуваат и од сопствените буџети за таа намена, и тоа кај помалите општини тој износ се движи до милион денари, додека пак поголемите општини издвојуваат и до 5 милиони денари, што секако се оправдува и со вкупниот износ на буџетски средства со кои што располагаат општините (графикон 3). Општина Росоман е единствената општина од испитаните која што не издвојува средства од својот буџет за локален економски развој, додека пак Липково како општина нема ни одделение за локален економски развој.
Графикон бр. 3 – Износ на средства кој што општините го издвојуваат за ЛЕР

Она што ја докажува проактивноста на општините, покрај средствата од сопствениот буџет, домашните фондови и програми, е аплицирањето на општините во ИПА програмите, при што од 26 општини, дури 21 општина користеле средства за развој и тоа просечно во износ од 150.000-250.000 евра. Она на што можеби треба да се обрне внимание во иднина е фактот што многу малку се гледа на соработката со невладиниот сектор и јавно-приватните партнерства (каде што би се вклучил бизнис секторот) како можност за доаѓање до позначителни средства и вклучување и на овие засегнати страни во процесот на апликација и имплементација, и покрај фактот што над 90% од општините се изјасниле дека соработката со граѓанскиот сектор им е добра или одлична. Тоа наведува на заклучок дека токму ова е едно поле за работа и инклузија на сите чинители на локално и регионално ниво за постигнување на заеднички цели поврзани со развојот и унапредувањето на средините во кои дејствуваат.
Тука доаѓаме и до главната поента на анализата, а тоа е дека доколку општините издвојуваат од сопствените буџети во просек по 50.000 евра, прибираат средства од ЕУ фондовите во просек од 200.000 евра, и користат средства од Националната програма за рурален развој во просек од 250-350.000 евра или вкупно половина милион евра, а сето тоа го споредиме со фондот кој го обезбедува Бирото за рамномерен регионален развој – севкупно 3 милиони евра и тоа по сите основи, не треба да зачудува фактот дека и покрај толкави износи на суми кои што се вложуваат, сепак ефектите од вложувањата во регионалниот и локален развој истите изостануваат. Дали за ефектите од дел од вложувањата е потребно време за да се увидат, или пак сѐ уште станува збор за мали инвестиции со оглед на степенот на развој на планските региони, се прашања кои остануваат за дискусија и во иднина.
Износот на средствата од буџетот на РМ, односно законски предвидените 1% од БДП, за кој најголемиот дел од општините (дури 24) сметаат дека не е доволен, можеби го содржи дел од одговорот на претходно споменатите прашања за потребата од понатамошни вложувања во регионалниот развој. Има и ставови од општините кои напоменуваат дека средствата би биле доволни ако навистина се распределуваат во предвидениот износ, согласно Законот.[6] Запрашани колкав треба да биде износот на средства од буџетот на РМ за поддршка на политиките за рамномерен регионален развој, добивме одговори кои се прикажани во графикон бр.4.
Графикон бр. 4 – Процент на средства од Буџетот на РМ кои би требало да се издвојува за регионален развој, според анкетираните општини

Препораки
Во рамките на истражувањето општините беа консултирани и во делот на мерки и активности кои што, според нив, би ја подобриле моменталната состојба со регионалниот развој, а последните два графикони ги прикажуваат нивните одговори. На прашањето каде треба да се вложува во рамките на општината, најголемиот дел од одговорите се поврзани со вложувања во човечки и технички капацитети на општините, но и промена на законската регулатива за регионален развој, во делот на нејзино поедноставување, но и реална имплементација, како и во зголемувањето на процентот на средства кои што се доделуваат од Буџетот на РМ.
Графикон бр. 5 – Мерки за унапредување на локалниот и регионален развој на општините

Во однос на достигнување на повисок процент на искористување на средствата од програмите за рурален развој, општините како приоритети ги наведуваат зголемувањето на реалните средства во програмата за рурален развој, како и олеснување на административните процедури за аплицирање на ЕУ програмите, при што делот за ко-финансирање делумно или целосно да може да се обезбедува и преку националните програми за развој (графикон 6).
Графикон бр. 6 – Мерки и препораки на општините за поголем процент на искористеност на средствата за рурален и регионален развој

Генерални заклучоци
Ефектите од спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој речиси и да не се воопшто видливи, што од друга страна и не значи дека воопшто не е вложувано во секторот. Според авторите на оваа анализа, дел од ваквата констатација се должи и на фактот што во параметрите врз основа на кои што се мери развојот не се вклучени сите сегменти кои што го овозможуваат развојот на регионите и општините. Потребно е посеопфатно планирање на мерките кои што го овозможуваат регионалниот развој, вклучувајќи ги тука сите делови од дејствувањето на државата и општините во насока на развој на регионите, а не исклучиво тоа да се однесува само на тој 1% кој што се издвојува од БДП на државата и се дели по региони. Иако, е започнато спроведување на политиката на распределба на средствата по процентуален износ, сепак потребно е време за да може ваквиот принцип на распределба на средствата да даде ефект. Дополнително, во овој дел би додале дека според општините овој процент е сѐ уште мал, и истиот би требало да биде околу 5% за да може да се направат сериозни и пообемни вложувања во регионите, кои што на подолг рок ќе го дадат очекуваниот ефект и ќе го унапредат локалниот и регионален развој.
Исто така, како што може да се види и од наодите на анализата, средствата кои што ги користат општините од Програмата за рурален развој заземаат значаен удел во делот на вложувањата на општините во руралните средини, што од друга страна придонесува и за подигнување на степенот на регионален развој, поради што и авторите на анализата упатуваат на консолидација и усогласеност на различните политики кои што имаат иста крајна цел, а тоа е развој на општините и регионите. И самите општини во најголем дел издвојуваат средства и од своите сопствени буџети за локален економски развој што е уште еден извор на средства кој што, можеби во помал обем, но сепак придонесува за развојот на регионите, а општините се активни и во делот на користење на средствата од ИПА програмата, при што уделот и од овие средства и активности и тоа како влегува и во делот на локалниот и регионален развој, што говори за фактот дека општините полека, но сигурно веќе добро ја познаваат и прифаќаат европската шема на финансирање. Она на кое што во иднина треба да се обрне внимание е понатамошното градење на капацитетите на општините во делот на човечки и технички ресурси и капацитети, поддршка од страна на државата во делот на обезбедувањето на процентот на кофинансирање, зголемување на висината на средства кои што се доделуваат со Националната програма за рурален развој за мерките кои што го овозможуваат развојот на руралните средини и локалниот економски развој, но и јакнење на соработката како со Бирото за рамномерен регионален развој, така и со локалниот граѓански и бизнис сектор, преку креирање на јавно-приватни партнерства, при што ќе се овозможи еден процес на силна и сеопфатна инклузија на сите локални чинители кои што ќе бидат подготвени да го дадат својот придонес во регионот во кој што дејствуваат и кон кој гравитираат.
Строга и доследна имплементација на законската регулатива, следење на стратешките насоки на државата за рамномерен регионален развој, но и ефективна примена на процесот на децентрализација на државата преку консолидација, конзистентност и усогласеност на политиките за рамномерен регионален развој, рурален развој, локален економски развој со активно вклучување на сите засегнати страни (државата преку Бирото за рамномерен регионален развој и Советот за рамномерен регионален развој, општините, како и локалниот бизнис и граѓански сектор), но и промена на параметрите врз основа на кои се оценува развојот на регионите.
Користена литература
- Закон за рамномерен регионален развој, Сл. Весник на РМ бр. 63/2007
- Исплата по мерки и години (2013,2014,2015), Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој; http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp
- Македонија во бројки 2016, Државен завод за статистика, јуни 2016
- Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, октомври 2014
- Одлука за доделување средства за финансирање проекти за развој на планските региони во 2016 година, „Службен весник на Република Македонија“, бр.86/2016
- Одлука за класификација на планските региони според степенот за развиеност за периодот 2013-2017, „Службен весник на Република Македонија“, бр.88/2013
- Пенев, С. Треновски, Б., „Политика на рамномерен регионален развој – цели, предизвици, трендови“, Скопје, 2017
- Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013, Сл. Весник на РМ бр. 5/2013
- Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014, Сл. Весник на РМ бр. 10/2014
- Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015, Сл. Весник на РМ бр. 196/2014
- Стратегија за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019, Министерство за локална самоуправа, септември 2014
- Стратегија за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година, „Службен весник на РМ“ бр. 119/2009
- Ќосев, С.; Аграрна политика, Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методија, Скопје, 2015
- http://faktor.mk/kolku-sredstva-iskoristila-makedonija-od-ipard-1
- http://www.northeastregion.gov.mk/Default.aspx?LCID=239
[1] “Економски карактеристики на Североисточниот плански регион“; http://www.northeastregion.gov.mk/Default.aspx?LCID=239
[2] Одлука за класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот 2013-2017
[3] “Колку средства искористила Македонија од ИПАРД 1?“, http://faktor.mk/kolku-sredstva-iskoristila-makedonija-od-ipard-1
[4] Интервју со вработен во секторот за локален економски развој на Општина Василево, Бранко Андонов, реализирано при посета на општина Василево, 19.06.2017
[5] Пенев, С. Треновски, Б., „Политика на рамномерен регионален развој – цели, предизвици, трендови“, Скопје, 2017 и Државен завод за статистика
[6] Таков одговор добивме од страна на одговорните од Општина Теарце
