Форум во медиумите
Изјава на Калинка Сентиќ Габер, извршен директор на Форум ЦСИД, дадена за дневниот весник Време на 28.10.2009 по повод референдумот за промена на името на Р. Македонија.
„…Калинка Сентиќ – Габер од Центарот „Форум“ нагласува дека ЕК увиде дека инсистирањето на референдум може да предизвика проблеми во билатералните односи на потенцијалните членки и во отворените прашања што ги имаат Хрватска и Словенија, како и Србија со Босна и со Косово. – Пораките што во врска со референдумот доаѓаат од Брисел се јасни и со измерени зборови. Очигледно е дека од нас се бара да се откажеме од таквата идеја, но „прашање за милион долари“ е каков став ќе заземе премиерот Груевски – вели Габер.“
Целиот текст можете да го прочитате тука.
