Оглас за волонтери
ОГЛАС ЗА ВОЛОНТЕРИ
Форум – Центар за стратешки истражувања и документација, Скопје, (www.forum-csrd.org.mk) објавува оглас за волонтери.
Работното време ќе биде 20 часа неделно.
Волонтерите ќе бидат распоредени на работните задачи во Форум-ЦСИД:
– Помлад истражувач во програмата за децентрализација,
– Административен правен асистент
За својот ангажман волонтерите ќе добијат надомест од 4.500 денари на волонтерските трошоци во согласност со Законот за волонтерство.
Потенцијални волонтери се младите невработени лица и студенти. Заинтересираните лица треба да достават кратко CV и мотивационо писмо на електронска адреса forumcsrd@forum-csrd.org.mk
Огласот е отворен до 15 мај. Селектираните кандидати ќе бидат известени по електронска пошта најдоцна до 20 мај 2016 година и ќе бидат повикани на интервју.
Очекуван почеток на волонтирањето е последната недела на мај.

