“Постои големо незадоволство кај албаниците, бидејќи тие не се интересираат толку околку кавгите со името. Но тие многу се заинтересирани, конечно да се влезе во НАТО.“

Воедно и ЕУ подолго време очекува поголема прагматичност од преговарачите. Гордан Георгиев мисли дека сепак по изборите ќе се смени националистичкиот правец на владата.

“ Од моја гледна точка владата воопшто нема интерес да го реши проблемот со името. Веќе три години зборуваат за тоа дека не смееме да го предадеме нашиот идентитет. Тие искреираа дискурс: Доколку го смениме името на земјата, нема повеќе да постоиме како Македонци.“