Трибина: „Косовска Митровица: ден потоа”
Во соработка со Швајцарската амбасада во Скопје, Форум-Центарот за стратегиски истражувања и документација го започнува својот четврт циклус на трибини посветени на Косово и неговите перспективи. Овој нов циклус ќе го работиме заедно со нашите партнери од Косово, невладината организација КИПРЕД (Kosovar Institute for Policy Research and Development). Во претходните три циклуси имавме бројни истакнати гости од Косово и регионот меѓу кои Хашим Тачи, Миодраг Влаховиќ, Петра Блас, Бренда Пирсон, Ветон Сурои, Ненад Поповиќ, Душан Јањиќ, генералот Шук, Гералд Кнаус како и многу други парламентарци, претставници на невладиниот сектор, меѓународната заедница, верските заедици, новинари и многу други истакнати личности.
Гости на нашата прва трибина во новиот четврт циклус трибини на тема „Косовска Митровица: ден потоа“ беа релевантни претставници од Косово и Македонија како што се г-динот Бајрам Реџепи, градоначалник на Косовска Митровица и поранешен премиер на Косово, г-динот Петар Милетиќ, висок политички советник во Министерството за заедници и враќање, г-динот Азиз Положани, пратеник во Собранието на РМ и г-динот Јован Манасијевски, пратеник во Собранието на РМ и претседател на ЛДП.
Транскрипт од трибината на англиски јазик. (.pdf)
