Школа за политика
Почитувани,
Во периодот од 15-18 октомври во Охрид, се одржа првата сесија на новата генерација на слушатели на Школата за политика, на генералната тема: Основните принципи на политичката култура. Оваа академска 2009/2010 година, Школата за политика брои 37 слушатели селектирани според строгите критериуми на Советот на Европа. На оваа иницијална сесија тие се запознаа меѓу себе и за време на сесијата разменуваа искуства и размислувања на актуални теми. Воедно имаа прилика и да проследат предавања од врвни македонски и странски предавачи на теми како: Македонскиот политички контекст, Извештајот на Европската комисија за РМ, Улогата на лидерите во политичките партии, Мултикултуризам, Медиумите како средство за политичка комуникација, Значењето на граѓанскиот концепт и др.
