Средба на партнерите од проектот СенГА
Партнерите од проектот „Возрасни лица во зелена акција – од рацете до умот и душата“, (Seniors in Green Action – from Hands to Minds to Souls – SenGA) одржаа средба во Зарагоза, Шпанија, на која се дискутираше за имплементираните активности и за подготовката на активностите кои следат во наредните шест месеци.
Активностите насочени кон подобрувањето на образованието за возрасни лица во областа на екологијата и борбата со климатските промени се спроведуваат во пет европски земји – С. Македонија, Бугарија, Шпанија, Полска и Италија, со поддршка на програмата Еразмус плус, како дел од потпрограмата за стратешки партнерства за образование на возрасни (KA204).
Форум ЦСИД, Бугарската Школа за политика „Димитри Паница“ (како координатор на проектот), Универзитетот Адам Мицкиевич од Познањ (Полска), АССЕТ Базиликата (Италија), СТП Консалтинг (Шпанија) и АРТИЕД (Бугарија), во досегашниот тек на спроведувањето на проектот СенГА подготвија Упатства и Библиотека со ресурси за вклучување на возрасни лица како ученици за еколошки активности, кои можат да се најдат на шест јазици на веб страната https://activegreenseniors.eu/
Вo сегашната фаза на проектот се подготвуваат предлози за употреба на рециклирањето на стари облеки,весници, пластични шишиња, стакло, дрвени и метални предмети, прилагодени за повозрасните луѓе, но и за секој кој е креативен и сака да рециклира.
Во текот на идните месеци партнерите ќе реализираат неколку обуки и работилници за креативно рециклирање и ќе бидат продуцирани серија кратки видеа врз принципот „Од стари за стари“ и ќе се објави Водич за обуки на обучувачи за вклучување на постари луѓе во креативно рециклирање и зелени активности, наменет не само за едукаторите на возрасни лица, туку и за социјалните работници, терапевтите, членовите на граѓанските организациите чии целни групи се постарите луѓе итн.

