На 16 и 17 јуни во Крушево, се одржа дводневна обука за Вмрежување, градење партнерства и застапување, наменета за членките на Мрежата за реформа и развој на локалната и месната самоуправа „Заедница“. Ова мрежа е иницирана од страна на Форум ЦСИД во рамки на програмата за соработка со партнерите и иницирање нови партнерства, овозможена со институционалната поддршка од Цивика мобилитас.

Покрај стекнување нови искуства на партнерите за придобивките и предизвиците на партнерството во граѓанскиот сектор, за моделите на партнерството и можностите за соработка со бизнис секторот, медиумите и јавните институции на локално, регионално и национално ниво, оваа обука беше можност да се продискутира за идеите за краткорочните и долгорочните активности на мрежата „Заедница“.

                        

Групните работни вежби во рамки на обуката резултираа со неколку подготвени рамки на планови за поголема активност и видливост на мрежата, особено во периодот пред локалните избори кои се очекува да се спроведат оваа есен.

Членки на мрежата „Заедница“, покрај Форум ЦСИД, се и Фондација за развој на локалната заедница од Штип, Совет за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци, Младински културен центар од Битола, Центар за едукација и развој од Теарце и Центар на заедницата на општина Струга.