Обука за учесници од Скопски регион
На 22 септември 2020 се одржа еднодневна обука за учесници од Скопски плански регион во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“ во хотелот Белви во Скопје. На обуката организирана во вонредни услови, следејќи ги протоколите за безбедност и одржување растојание, учествуваа осум учесници, студенти и претставници на невладини организации од Скопје. Првото предавање Каде е граѓанинот на мапата на новото македонско општество го одржаа Ѓунер Исмаил, претседател на Форум ЦСИД проследено со вежбата: Што е добар граѓанин? По кратката пауза, следеше предавањето Како да се постигне транспарентност и отчетност на локалната самоуправа на Герман Филков, Претседател на Центар за граѓански комуникации, и третото предавање го одржа Борис Шарковски, програмски директор на Фонација за развој на локалната заедноца од Штип, кој говореше за Принципот на здружување како една од најважните алатки за граѓанскиот активизам.
Обуката, иако во редуцран формат, помина во одлична работна атмосфера, и го задржа вниманието на учесниците кои, според евалуациите, искажаа задоволство од наученото. Со оваа обука заврши циклусот на осум обуки во сите плански региони во Северна Македонија.

