Форум – Центар за стратешки истражувања и документација (ЦСИД) е организација основана со цел да се вклучи во развојот на демократијата, поддршката на човековите права и меѓуетничките односи и да помогне во креирање на националните политики во сите сфери на општественото живеење и создавање услови за евроатлански интеграции. Центарот промовира издржани и спроведливи јавни политики, нуди поддршка на заедниците и ги помага реформите во разни области од јавните услуги. Овој документ за политики е дел од активностите на неформалната мрежа „Активни граѓани за добро владеење“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Документот е креиран врз основа на истражувањето за користењето на формите за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво, кое Форум ЦСИД го спроведе во партнерство со седум организации: Центар за едукација и развој од Теарце, Етнитети од Струга, Планетум од Струмица, Фондација за развој на локалната заедница од Штип, Сојуз за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци, Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола и Граѓанскиот центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка.

Една од главните цели на проектот „Активни граѓани за добро владеење“ е едуцирање на граѓаните за можностите за нивно активно вклучување во носењето одлуки поврзани со локалните проблеми. Поголемиот дел од партнерите во овој проект во своите искуства од спроведување активности поврзани со учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво се соочиле со проблемот на демотивација за активизам или недоволна верба во можноста граѓаните да влијаат врз одлуките на властите поради законските одредби што пропишуваат дека е потребно висок процент граѓани да бидат потпишани за поддршка на граѓански иницијативи и други облици на непосредно одлучување на граѓаните за прашања. Од таа причина, партнерите од „Активни граѓани за добро владеење“ одлучија да направат анализа на порепрезентативните случаи на граѓански иницијативи од сите плански региони во државата, со цел да отворат јавна дебата за потребите од промени во законската регулатива и во практиките на непосредно одлучување на ниво на локалните самоуправи.

Документот за јавни политики на македонски и албански јазик:

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА НЕПОСРЕДНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО НА ЛОКАЛНО НИВО

DOKUMENT PËR POLITIKAT PUBLIKE PËR PJESMARRJE TË DREJTPËRDREJT TË QYTETARËVE NË VENDIMARRJE NË NIVEL LOKAL