Повик за учество на обука

Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Југоисточен плански регион на Република Северна Македонија да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Југоисточниот регион ги спроведуваме во соработка со здружението „Планетум “ од Струмица.
Главна цел на обуката е граѓаните да се информираат и поттикнат да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: соработка меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; транспарентност и отчетност на локалната самоуправа; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; добро владеење; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.
На овој повик можат да се пријават сите заинтересирани членови на граѓански организации од Југоисточниот регион, претставници на локалните самоуправи во Југоисточниот регион, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, и други засегнати заедници од Југоисточниот регион кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.
Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.
Обуката ќе се одржи од 15-17 ноември во хотел „Глигоров“ – Струмица.
Кандидатите е потребно да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторката на проектот Цветанка Михајловска: mihajlovska@forum-csrd.org.mk најдоцна до 26 октомври 2019 година.
Услови за пријавување:
- Кандидатот да е од Југоисточен плански регион (Струмица, Дојран, Богданци, Гевгелија, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово).
- Да е на возраст од 18-40 години.
Бидејќи бројот на учесници на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите кои ќе учествуваат на обуката. При селекцијата на кандидатите посебно внимание ќе се посвети на родовиот баланс и на вклучување на претставници на малцинствата и маргинализираните заедници.
Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од Форум ЦСИД.
Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници на обуката во рок од 3 дена по истекот на рокот за пријавување.
Повикот можете да го преземете тука.

