Повик за учество на обука
Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Пелагониски плански регион да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Пелагонискиот регион ги спроведуваме во соработка со здружението „Младински иницијативи за дијалог и соработка “ од Битола.
Главна цел на обуката е граѓаните да се информираат и поттикнат да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: соработка меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; транспарентност и отчетност на локалната самоуправа; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; добро владеење; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.
На овој повик можат да се пријават сите заинтерeсирани членови на граѓански организации од Пелагонискиот регион, претставници на локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, и други засегнати заедници од Пелагонискиот регион кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.
Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.
Обуката ќе се одржи од 05-07 јули во хотел „Монтана“ – Крушево.
Кандидатите е потребно да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторката на проектот Цветанка Михајловска: mihajlovska@forum-csrd.org.mk најдоцна до 20 јуни 2019 година.
Услови за пријавување:
- Кандидатот да е од Пелагонискиот плански регион (Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен, Кривогаштани, Новаци, Могила, Долнени, Крушево).
- Да е на возраст од 18-40 години.
Бидејќи бројот на учесници на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите кои ќе учествуваат на обуката. При селекцијата на кандидатите посебно внимание ќе се посвети на родовиот баланс и на вклучување на претставници на малцинствата и маргинализираните заедници.
Обуката ќе се одржи на македонски јазик, а презентери на обуката ќе бидат истакнати обучувачи.
Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од ФОРУМ ЦСИД. Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници на обуката.
Повикот можете да го преземете тука.

