Марионети во рацете на политичарите
После заокружување на статусот на Косово се чини дека периодот на војните на Балканот би требало да оди во историја. Но постои скриена опасност остатоците на некои паравоените формации кои се на stand by под контрола на политичарите да го загрозат мирот во чувствителните региони на западен Балкан како што се Косово, Македонија и Санџак
Александар Писарев
Што се случува со паравоените формации и нивните војници во регионот на Западен Балкан сега, кога мирот конечно дојде на овие простори. Креирани во најголем број случаи од тајните полициски и воени сервиси, овие паравоени и полутерористички формации го загрозуваат животото на локалното население и мирот на Балканот веке дваесет години. Сега најголем број од владите на овие земји изјавуваат дека тие се расформирани и изолирани. Но, во текот на истражувањето се покажа дека тоа не е точно. Според нашите анализи во овој дел на Балкан се уште има повеќе од 70-80.000 членови на разни наоружани групи кои можат да го загрозат мирот во регионот и кои се постојано на stand-by и под контрола на тајните служби и политички партии. Тие групи се поврзани и со организираниот криминал и со сите активности на екстремната емиграција која е не ретко и еден од финасиерите на нивното делување.
Ова е само дел од обeмен материјал кој е запишан или снимен во форма на интервјуа и изјави на преку 160 страници и кој финалната верзија ке ја доживее наскоро во книгата „Стимулатори на кризата”, заедно со предходните две истражувања поврзани со микрорегиони и маргинализирани етнички групи во Западен Балкан и илегални патни правци и гранични премини во истиот регион.
М.Н. ЕМОЦИИ И ОРУЖЈЕ
Во текот на истражувањето бев соочен со најголем број од луѓето кои сеуште се под силен негативен набој, но и под оружје. Скоро две децении по првите воени сукоби на просторт на бивша Југославија кои по своја жестина во некои региони беа покрвави од оние во текот на Втората светска војна поголем дел од учесниците сеуште се опиени со национализам и идеи за прекројување на граници.
Втора категорија на овие воини носат во себе горчина дека биле или со нив сеуште манипулираат тајните служби, политичките структури и поединци кои со воени стредства гледаат да ги оставрат своите цели. Во одсуство на сериозни програми за нивната ресоцијализација, препуштени сами на себе, социјално загрозени, без јасна понатамошна перспектива во животот тие се принудени на постојана лојалност кон своите творци и наредбодавци и постојано се на stand-by спремни повторно да облечат униформа и да земат оружје. Тоа е нивното средство за остварување на цел-политичка или криминална.
Во последните недели додека го правев истражувањето овие претпоставки во некои региони на Србија (Санџак) и Македонија (Танушевци, Дебелде, Липково, Бродец) се покажаа како точни.
Посебно загрижуваат параполициски и параразузнавачки структури кои делуваат на целиот простор на некогашна Југослвија и некои соседни земjи и замешани се во многу сценарија за дестабилкизација на регионот. Тоа се остатоците на некогашната УДБ-а и КОС. (Управа за Државна безбедност и Контра обавештајната служба, последната делувала во рамките на ЈНА.) Овие две тајни служби кои имаа огромна мрежа на соработници на целиот бивш југословенски простор се расформирани, но останале нивни силни инсталации и логистика кои се на услуга на разни политички центри на моќ, политички партии, полициски, воени и паравоени и параполициски структури, групи за организиран криминал, а дел е и понатаму активен како кадар на новоформираните тајни служби и полиција во сега осамосталените држави. Повекето држави од регионот донеле или се обидуваат да донесат Закон за лустрација и да ги поентираат соработниците на овие служби.
Нивните активности се посебно забележителни на Косово, во Босна, Хрватска и Република Српска, каде дел од мрежата е инволвиран во легалните тајни служби, а дел е политичко разузнавачко крило на паравојните формации.
М.Н. ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА СРБИЈА
После изборите и победата на демократското крило во Србија се случи дешешељизација на Србија. Главниот актер Воислав Шешељ е во затворот во Шевенинген, а неговиот експонент Томислав Николиќ му сврте грб. Така актуелната власт во оваа држава успеа барем дел од милитантното крило на Српска Радикална странка да го стави под контрола и да го демократизира и демилитаризира. Злогласните паравоени единици на “Црвени беретки” пред тоа веќе беа трансформирани во жандармерија под контрола на МВР, додека оној дел на разни Гарди кој е сеуште лојален на Војводата Шешељ како воено крило на радикалната партија е “на stand-by”. Мали и не така мали групи со воена организација собрани се во новоформираната Гарда Цара Лазара. Дел се наоѓа на Косово и во Санџак.
Нивните крила под истиот назив делуваат и во Македонија но повеке како виртуелна, отколку како права паравоена организација и се огласуваат само преку интернет.
Лидер на Радикалите во Македонија Драгиша Милетиќ за да ја извлече повремено од маргините својата партија дава ратоборни изјави. “ Ние имаме одредени структури во регионот на Скопска Црна Гора (населен со Срби) и можеме бргу да се организираме како одбрамбена формација во секоја критична ситуација” вели Милетиќ. За разлика од Македонија каде неговите борци не се ни за парада. Српска Радикална странка има далеку поорганизирана и реална формациска структура во Босна.
Според неколкумина аналитичари од Косово загрижувачки податок е дека во оваа новоформирана држава српските тајни војнобезбедносни служби пред осамостојување на Косово инсталирале помеѓу 2500 и 3000 добро обучени специјалци „за заштита на српско население”.
Според аналитичарот Фаик Хоти од Приштина тие имаат силна логистика не само во Северно Косово каде се чувстуваат како дома, него и во помалите енклави населени со Српско или неалбанско население во пограничните области према Македонија и Албанија. Тие не се во состав на разни српски гарди кои оперираарт во оваа држава, немаат воен назив, не носат униформи и нивните активности во овој момент се насочени воглавно на собирање на безбедносно разузнавачки податоци. Организираат и подготвуваат сценарија и провокации и кон легалните косовски органи и кон меѓународните претставници што се покажа и воочи доаѓањето на меѓународната мисија Еулекс на Косово.
“На Косово паралелно со формирање на легалните безбедносни структури и на српска и на албанската страна се создадени илегални воени формации, вели Петар Шкрбина воено политички аналитичар. Од албанската страна тоа се НОА (Национална ослободителна армија на Албанците и ФАРК (Вооружени сили на Косово) кои до скоро беа спротивставени поради разни политички влианија пред сè од странство. Нивната бројна состојба се проценува на околу 30.000 вооружени борци и добро поставена организациско формациска структура.
Од српска страна сèуште се пристани припадници на на “Црна Рака”, ОСА (Срспка ослободителна армија) “Белите орли” (радикалите на Шешељ), и релативно мала, но добро обучена група во Северено Косово под име “Чувари на мостот”. Се проценува дека овие паравоени формации бројат околу 9000 луге, вели Шкрбина.
Според него и српска и албанската страна ги обединија своите сили. Формиран е добар команден кадар поставен врз таканареачената хоризонтална линија и самостојно одлучување на локално ниво, пополнет со искусни офицери од Србија и Албанија. Така што, според некои проценки пред прогласување на самостојност на Косово српскиот паравоен систем на Косво брои 20.000 луѓе, а албанскиот околу 40.000. Цел и на едните и на другите е да влијаат на понатамошните политички одлуки.
М.Н. ВАХАБИСТИ
Во Санџак владее загриженост од косовизација и преземање на ситуација во свои раце од страна на екстремното крило на Вахабистите. Една од поинтересните епизоди во целото истражување беше „потрага” по Вахабистите -муџахедини во Босна и Санџак, за кои многумина „добро информирани” извори ми укажуваа дека се “до гуша вооружени” “крволочни” и организирани за конечена пресметка со немуслиманското население после што овој регион треба да добие автономија како прв чекор кон соединување со Босна после изгубениот дел на територија кој и припадна на Црна Гора.
Една мала група муслимани за кои српските тајни служби тврдат дека се припадници на вахабистичка терористичка организција во време на ова истражување беа судени и осудени за терористичко здружување бидејки кај нив беше пронајдено оружје и пропагнден матерјал со исламско фундаменталистичка содржина.
Според начинот на облекување и однесувањето и според повремени инциденти во џамиите при што имало и употреба на оружје тие се присутни во вој регион. Нивниот начин на живот и работа е најконспиративен и имаат силна логистика меѓу екстремените муслимани така што безбедносните органи многу тешко или никогаш нема да ги откријат нивните водачи и центри во овој регион. Еден од одлични познавачи на проблематиката поврзана со делување на вахабистите е Сеад Садиковиќ од Бјело Поље. Тој вели:”Во повеке наврати се обидов да отркијам кои се и со што се занимаваат тие вахабисти кои во регионот на Санџак, Босна и деловите на Црна Гора (и Макеоднија н.з.) ги бие толку лош глас. Имав многу контакти со нив. За мене, според нивните јавни манифестации и разговори, тоа се прекрасни момци, високо образувани на најдоброите исламски факултети во светот, мирољубиви и секогаш спремни за разговор, добри верници. Од нас обичните луге се разликуваат само според изгледот и специфичен начин на облекување. Од моите контакти со нив јас кај нив не окрив ништо што би ги вброило во “Вехабије” во онаа негативна конотација. Но она што е забележително вели Садиковиќ и што јас го гледам, а тие на тоа не ми дават одговор е нивниот живот на висока нога (а ништоне работат). Тие возат скапи автомобили и џипови, секогаш се полни со пари, и контактираат со најниските слоеви на муслиманското општество и со луѓе за кои постојат сомнежи дека се вплетени во мрежата на криминалот.
М.Н. ВЕРНИЦИ ИЛИ ТЕРОРИСТИ
Во 2007 година предупредив дека се засилува концентрација на вахабистите во регионот на Санџак. Тогаш уште не можеше и немаше конкретни податоци да се зборува за нивно милитаристичко здружување и органијзирање. Но по неодамнешното убиство на Исмаил Прентиќ во судир со полицијата кој се случи во непристапните делови на Санџак во близина на селото Долна Трнава стана јасно дека покрај камповите во околина на Мостар во Босна слични кампови за обука на парамилитарните вахабистички групи постојат и на планините помеѓу Нови Пазар и Сјеница.
Ситуацијата станува посебно сериозна после таканаречен Собор на обединување на кој муфтијата санџачки Муамер Зукорлиќ ја потврди својата непоколеблива лојалност на Сараево и на партијата СДА. Очигледно е дека голем дел од активноститите на милитантното крило на санџачките вехабисти е под контрола на СДА. Со осамостојување на Косово нивната активност е засилена од две причини. Тоа може да биде силен подстрек за притисок на српските власти за широка автономија на Санџак со што Босна би добила компензација за „терирторијалното проширување” одкако потполно ја изгуби контролата на Република Српска.
Сенад Рамовиќ – Бецан кој е ранет во еден од сукобите со полицијата се смета за командант на милитарните вахбисти во Санџак иако е званично во затвор во Нови Пазар поради издржување на казната. Практично тој е повеќе на слобода бидејки затворот го контролираат активни членови на СДА. Така Бецан повеќе време поминува во камповите за обука на вахабистите во Јабланица во Босна отколку во затворска ќелија во Србија.
Дарко Трифуновиќ од факултетот за безбеднбоист во Белград вели дека е во прашање сеуште релативно мала група на милитианти вахабисти во Санџак но според нивната обученост, голема количина на оружје со кое располагаат воопшто не се безопасни. Сооглед на вкупната констелација на случувања во вој регион после осамостојување на Косово очигледно е дека таа група претендира да стане предвесник на некава регионална милиција. Против кого таа би делувала сега не може да се каже но со оглед дека имале силни врски со одредите на „Ел муџахедин” во Босна и дека се во директен контакт со „Активна исламска младина” која е цивилното крило на „Ел муџахедин” оваа парамилитарна организација може да предизвика дестабилизација во регионот на Санџак во сите три негови дела (Србија, Црна Гора и Босна). Тие имаат силна финасиска подршка на „добротворните” организации од Катар и Пакистан.
Европскиот експерт за тероризам Клод Манике предупредува дека за кратко време фундаменталисти ке регрутираат и ке формираат терористички ќелии. Тој предупредува дека Макеоднија е сива зона од која луге од Блискиот и Среден Исток влегуваат во ЕУ за да формираат таканаречени заспани терористички ќелии.
Според Иво Котевски помошник министер за односи со јавност во МВР постојат оперативни сознанија дека хуманитарното здружение „Бамиресија” од Скопје, функционирало спротивно на уставниот
поредок и имало за цел да воспостави шеријат како државно уредување. Ова здружение се поврзува и со сомнителни финансиски тарнсакции од Society of the Revival of Islamic Heritage од Кувајт која е на црна листа на ООН како дел од Ал Каеда.
Проектот е реализиран со помош на данската асоцијација за истражувачко новинарство и поддржан од данската влада и проектот SCOOP.
ПАРАМИЛИТАРНИТЕ ФОРМАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН (2)
МАНИПУЛАЦИЈА СО “ЛАВОВИТЕ”
Одкако неодамна Собранието на Република Македонија не ги прифати барањата на бранителите за рашавање на нивниот статус, тие повторно станаа предмет на бројни манипулации. Во нивната заштита се јавија и разни задгранични комитети. Од МПО до бугарската ВМРО и нивниот лидер Красимир Каракачанов
Александар Писарев, pisarev@kapital.com.mk
Според претставниците на ЕУ и ОБСЕ во пролет 2001 година со помош на луѓе блиски до ВМРО ДПМНЕ и со сомнителни пари формирана е паравоена формација “Лавови” која не беше под контрола на МВР а во време на воениот конфликт во Македонија се стави под команда на полицијата. Меѓународните организации ја оценија како фактор на дестабилизација на регионот и таа после потпишување на рамковниот договор во 2001 година кој ја затвори кризата во Макеоднија и после промена на власт беше расформирана. После нивната демобилизација тие формираа здружение на бранители обидувајки се да се ресоцијализираат и да ги решат своите егзистенцијални и социјални проблеми. Со радост го дочекаа својот „командант” и идејниот водач Љубе Бошковски бившиот министер за внатрешни работи кој беше обвинет во судот за воени злосторства во Хаг.
Но, одкако неодамна Собранието на Република Македонија не ги прифати нивните барања (подржани со 30.000 потписи) за рашавање на нивниот статус, тие повторно станаа предмет на бројни манипулации.
Во нивната заштита се јавија и разни задгранични комитети.
На седницата на контраверзната пробугарска македонска емигрантска организација МПО во САД (Македонска патриотска организација) на која присуствуваа бранители од разни македонски здруженија им беше дадена целосна поддшка. Упатени се остри зборови против премиерот Никола Груевски кој го обвинија за коалицирање со нивните воени противници Албанци од време на кризата во 2001 година. Лидерот на ова здружение „Достоинство” порача дека нема да се откажат од одбраната на државата и дека нема да служат ни на една политичка опција.
Тие сеуште ја задржаа воената структура и командниот кадар, а по веста дека македонскиот парламент ги одби нивните барања, голем дел од нив застанаа зад бившиот во министер за внатерешни работи Љубе Бошковски и се ставија во фуникција на неговите предизборни активности за претседател на државата. На неговиот пречек од Хаг повекето беа во униформи на единицата „Лавови”. Истовремено се јавија и „заштитници” на нивните права од Бугарија. Лидерот на бугарската ВМРО Красимир Каракачанов им понуди заштита од Бугарската држава и бугарски државјанства. Ова се еклатантни примери на манипулација со овие борци и обид да се стават во функција на одредени центри на моќ.
Секако дека една ваква идеја покрај бенефиции со добивање на државјанство со себе носи и обврски кон новата татковина. Во кава функција би можеле тие да бидат во Бугарија со оглед на нивата обученоист само за воено полициски дејства.
М.Н. ОНА И АНА СЕ АКТИВНИ
Стивен Мејер е поранешен аналитичар во ЦИА а сега професор по политички науки на Универзитет за национална одбрана во Вашингтон анализирајки ја ситуацијата во западен Балкна вели: “Македонија за сега опстојува, но тоа е кревка држава, многу фрагилна држава. Етничките тензии меѓу Албанците и словенските Македонци вријат под површина. Тие треба да се решат на демокртаски начин и луѓето треба да гласаат за решение.
Ако муслиманите во Западна Македонија сметаат дека Охридскиот договор е сеуште одржлив, треба да направат тој да успее. Доколку пак сакаат да гласат за некаков вид независност, или за некаква унија со Албанија или Косово, зошто да не го направат тоа. Не гледам како тоа може да наштети. Тоа би можело од друга страна да донесе решение за некои прашања и од економска сфера. Решенија за овие проблеми во Македонија до сега беа наметнувани и луѓето не ги чувствуваат како нивни.
Пред историјата на формирање на паравоените формациии на територија на Македонија почнува уште во далечната 1994 година кога тогашната тајна полиција успеала да открие директна поврзаност помеѓу Албанската партија за демократски просперитет и паравоена формација на албанците Војска на Илирида.
Беше уапсен Митхат Емини секретар на ПДП. Во партијата и кај истакнати политички експоненти од оваа партија беа пронајдени списоци за регрутирање на паравојската, планови за напад на касарните. Оваа паравоена формација имаше главен штаб на „Илирида” со конспиртативна ознака „777” планот за формирање батаљони и чети, за Скопје, Куманово, Дебар, Тетово, Гостивар, Струга и еден баталјон. Во аферата беше замешан и помошник министерот за одбрана Хусеин Хаскај, тие имаа план за делување против 14 пешадиска бригада на АРМ.
Павле Трајанов во тоа време бил под секретар во министерство за внатрешни работи. Званично, после обелоденување на оваа афера поднесе оставка. Денес е пратеник во македонскиот парламент и лидер на Демократски Сојуз, коалиционен партнер во владата на премиерот Никола Груевски. Од денешен агол тој вели: „Всушност бев разрешен од должноста бидејќи инсистирав на продлабочувањето на истрагата за целиот случај. Од тогаш до денес континуирано се појавуваат паравоени формации во исти региони на Македонија воглавно од албанскиот корпус секогаш се на stand by и по наредба на нивните творци повремено презимаат мали или малку поголеми воени операции. Тие се создадени од албанскиот политички корпус и во директна врска се со албанскиот политички врв во Македонија. Тоа го потврдува и подолготрајното одсуство на пратеникот Џезаир Шакири алијас командат Хоџа од работата на парламентот и неговото воено ангажирање во пограничното село Танушевци на Македонско косовската граница. Ова село и вооружените паравоени формаци по неговата команда во неколку наврати биле иницјална каписла за безбедносна криза во Македонија” вели Трајанов.
Албанската герила во Македонија која на почеток на кризата 2001 година беше во голем дел составена од Албанците од Косово доби масовност и во Макеоднија така што пред потпишување на рамковниот договор кој ја прекина војната со посредство на меѓународната заедница Албанците имаа во Македонија 3000 вооружани борци за људски права. Нивното командно воено крило се трансформира во политичката партија Демократска унија за интеграција и ги сопре воените дејствија но ја задржа воената структура.
Командантите кои се незадоволни од статусот на Албанците во Македонија често излегуваат од контрола на нивниот водач Али Ахмети и се одметнуваат во планина заедно со своите паравоени формации кои зависно од ситуација и потреба можат да бројат од неколку десетини до неколку стотини наоружани борци.
М.Н КАДЕ Е КОМАНДАНТ ХОЏА
Џезаир Шакири – командант Хоџа, пратеник во македонскиот парламент и подпретседател на Национален демократски сојуз на Албанците, го напушти парламентот и во моментот е одметнат во планинското село Танушевци. Тој вели: „Јас имам 300 борци и во оваа година спречив упад на полицијата во селото. Кај мене постојано се регрутираат нови борци цо ОНА”. Министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана јанкуловска вели: „Полицијата немала никаква акција во Танушевци, неколкумина наоружани припадници на групата на командант Хоџа пукала подолго време во воздух симиулирајки битка”.
Во ваква ситуација се добива вопечаток на континуирано замрзнат конфликт. Повремено, паралено со безбедносна напнатост се лицитираат и неостварените политички цели: конфедеративно или федеративно уредување на државата, дводомен парламент и консензуална демократија.
Има уште еден поранешен командант на ОНА и пратеник во Македонскиот парламент Хисни Шакири кој е од кумановско село Липково. Тој вели дека во регионот под негова контрола сè е мирно. Но, на последното судење на група членови на ОНА во кумановскиот суд се собра поголема група борци кои пред судската палата извикуваа УЧК и бараа слобода за терористите.
Меѓу дел од борците на овие парамилитарни формации постои поделеност. Некои се незадоволни и се вратија во шума затоа што нивните другари зазедоа истакнати места во државната администрација. Командант Хоџа неодамна го обвини раководството на ДУИ (Демократска унија за интеграција) која коалицира во актуелната влада дека се проневерени парите од донации за ОНА на американската дијаспора.
Нарушениот процес на демаркација на границата може и понатаму да се комплицира. И од Албанија доѓаат сигнали дека косовските Албанци не треба да одстапат ни педа на својата територија. Чело Хоџа, уредник на албанскиот весник „Тема” и и еден од лидерите на национален демократски фронт во Албанија смета дека земјишните парцелно на македонско косовска граница имаат легитимни сопстфгвеници на Косово и затоа косово не треба да прави никави одстапки на Македонија.
М.Н. ПАТ ДО НОРМАЛЕН ЖИВОТ
Расформираните делови на единиците на парамилитарни и полулегални формации во периодот после 2001 година: Лавови и Поскоци во Македонија сега организирани во разни здруженија на бранители, потоа остатоци од албански паравоени формации ОНА и АНА (албанска нациоанлан армија) во реонот Косово и Македонија, дел од Збор народне гарде, Војска на источна Славонија, Хрватски Сремци и Книнџе во Хрватаска, Седма муџахединска бригада, зелене беретке, Шиитска полиција, Исламски борци во Босна, Шкорпиони, Муње, Бели орлови, Вукови, арканови Тигрови, Пауци, од Србија, који сите беа активни во Босна, Хрватска и Косово званично, со декрет на нивните оснивачи не се расформирани (освен Црвени беретке кои станаа регуларна жандармереија во Србија). За овие луге ни една од државите сеуште нема направено адекватна програма за ресоцијализација. Без идеја како да се вратат во нормален цивилен живот делови на припадниците на овие единици се криминализираа во вооружени банди. Делови се и понатаму лојални на своите спонзори и во секој момент се спремни да делуват за остварување на нивните цели, а најзагрозената категорија се оние кои би сакале нормално да живеат. За жал државите и општествата во регион обременети со големи финасиски проблеми немаат и не се многу организирани како и на кој начин да им помогнат во ресоцијализација. Така овие луге и против својата волја остануваат на stand by аранжман подложни на манипулации на разни центри на моќ на кои повремено им се потребни вооружени формации. Најдобар пример е новоформираната Гарда Цара Лазара во која “ново вработување” најде делот од разни други расформирани паравоени структури.
Слича е ситуација и на Косово со АНА (Албанска национална армија, вертерани на КЗК, УЧК, УЧК за ПМБ (Прешево Медвеѓа и Бујановац), кои се сеуште под оружје и чекаат знак за узбуна. Во меѓувреме добар дел од нив чекајки нови воени активности се бават со криминал. Според др. Оливера Скакиќ од клиниката за душевни болести во Ниш се повеке се регистрираат пациенти со изразен ПТСП синдром (пострауматски синдром – Виетнамски синдром) кои се склони кон семејното и секакво друго насилство и не можат нормално да функциоинираат во мир.
Наместо заклучок останува отворено прашањето: дали владите од регионот имаат планови и дали воопшто сакаат да ги расформираат овие структури а нивните борци да ги ресоцијализираат и вклучат во нормален општествен живот, и како историјата ке ги оцени овие луге?. Дали како кучиња на војна или ќе бидат национални херои.
Станува збор за нации кои во кратко време добија толку многу-добија независност, и незнаат каде да запрат. Новсоздадените независни др,жави го подхрануваа, подбуцнуваа, организираа и на крај отворено го подржаа сецесионизмот на своите сограѓани од другата страна на границата, предизвикувајки со тоа сецесионизам и на крајопт војна и нестбилност во регионот. Можеме да заклучиме дека формирање на сите паравоени формации поптекнува од малигниот или агресивниот национализам. Кој се разликува од патриотизмот и приврзеност кон нацијата. Заедничко им е единствено тоа што и двата потекнуваат од најдлабоките извори на човечките емоции.
ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН СО ПОМОШ НА ДАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО И ПОДДРЖАН ОД ДАНСКАТА ВЛАДА И ПРОЕКТОТ SCOOP
РАМКА
ИМА МНОГУ ОРУЖЈЕ
Владимир Пандовски од Национална асоцијација за оружје, кој како консултант на меѓународните организации учествуваше во акции за разоружување во регионот вели: „За време на криза во Албанија во 1997 година од магацините на албанската армија исчезнале повеке од 600.000 парчиња на мало оружје воглавно калишникови, 16 милиони бомби и гранати повеке од 800 милиони меткови. Од овие бројки околу 250 илјади автомати останале во Албанија, 200 илјади се префрлени на Косово, 50.000 во Макеоднија, а другото е продадено на црниот пазар. Исто така во периодот од 1991 до 93 година 700.000 парчиња автоматско оружје исчезнале од складовите на ЈНА. Претпоставките се дека повеке од 90 проценти биле искористени за наоружување на српските парамилитарни формации во Босна и Хрватска.
Вкупниот број на мобилизирани лица во разни формации на просторот на бивша Југославија во тој период достигнал бројка од 2 милиони луѓе во регуларни единици и преку 200.000 војници во разни парамилитарни формации. Повеке од 200 илјади луге се убиени или ранети 3 милиони станаа бегалци, а матерјалната штета се мери во милијарди евра. Во изминатите десет години беа организирани многу акции за разоружување од кои 7 во Хрватска по една во Србија, Босна и Косово и две во Македонија но во сите акции се собрани само стотина илјади парчиња оружје и неколку милиони бомби гранати и меткови.
РАМКА
КАДЕ СЕ И ШТО ПРАВАТ?
Хронолшки формирање на паравоените структури почнува скоро во исто време на целиот простор на бивша СФРЈ 1991/92, Учествуваат во најголемите воени операции во периодот 1994/2001, на stand by се од 2002 со предизвикување на повремени инциденти, криминални пресметки, платени убиства….најбројни беа во Србија
ШКОРПИОНИ
Бившиот припадник на паравоената единица “Шкорпиони” од Србија Јован Мирило вели:
“ Шкорпионите” ги формише Ресор за Државана безбедност на српската полиција а нивниот командант бил Слободан Медиќ главен човек за врските бил Милан Милановиќ Мргуд припадник на српската полиција. Заедно со “Тигровите “ на Аркан делувале во Сребреница, Ердут, 94 и 95 во 1999 префрлени се во Косово. Против најзлогласните се води постапка за воени злосторства пред судовите во Србија. Другите се приклучија на разани гарди или се бават со цриминал.
Муње единицата е формирана 1997 година од најелитните припадници на Посебната единиц на полиција делувала на Косово во реонот на Пеќ. Од 30 припадници половина загинаа на Косово.
Тајфун и Пантери формирани се од страна на безбедносните службуи на воено воздухопловство и против воздушна одбрана на република Српска Краина, со тајфуни командувал Бранко Ратиќ потпоручник ЈНА.
Гарде најзлогласните беа четниците на Воислав Шешељ кои беа во врска со разни гарди кои им служеа како логистика: “Бели орлови”, “Српска гарда” “Душан Силни”. Многумина од припадниците и членови на овие паравоени формации “уште незнаат дека војанта е завршена” воглавно потекнуваат од ниските интелектуални и социјални слоеви.
Книнџи пролазна епизодна паравојна формација во Српска краина на чие чело бил Драган Василјковиќ Србин од Австралија познат како капетан Драган, регрутирал млади луге кои сега се воглавном социјализирани и интегрирани во општетвениот живот.
Тигрови, добровољачка паравојна формација, формирана од криминалци на Жељко Ражњатовиќ Аркан. Низ неговиот центар за обука поминале 460 гардисти. Тие покасно во Босна формирале помали единици. После неговото убиство “тигровите “ продлжија да бидат активни како криминалци. Во Босна се и понатаму во меѓусебни врски.
Црвени беретки, формирани по директна наредба на Слободан Милошевиќ и началник на држвна безбедност во МУП на Србија Јовица Станишиќ . До 1996 опериррат како паравојна структура, а после влегуваат во состав на Едица за специјхални операции на МУП Србија. Никогаш не се дознало што се работеле. По убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ единицата е расформирана. Дел од припадниците преминале во српска жандармерија.
Македонија: Полулегална “Лавови” и “Поскоци”, од албанска заедница ОНА и АНА.
Хрватска: ЗНГ (Збор народне гарде) покасно трансформирана во регуларна армија, АИС Армија на источна Славонија, Хрватски Сремци, Книнџе.
Босна и Херцеговина, 7 Муџахединска, Зелене беретке, Шиитска полиција
Косово: Ана Албанска национална армија, УЧК, УЧКПМБ (УЧК за ПреШево Медвеѓа и Бујановац)
