ВЛАДО ШОРЕРОТ И ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ

ВМРО-ДПМНЕ во Декократската Повеќепартиска Македонија на власт е веќе цели 9 години, или половината од перодот во транзицијата
Во сведувањето на тнр.политички биланси, математиката не секогаш е најдобар сојузник, со оглед на тоа што станува збора, сепак, за прецизна наука. Па така, кога се брои, множи, дели, политичкиот биланс не испаѓа како најповолен. Особено не е таков каков што би посакакле провинциските спин-доктори, или скапо платените „странци“! Та така, а како дополна на билансот од поднасловот на овој текст, односно на (не)успесите на оваа партија треба да се додаде и ,,Приватизацијата“ во која, да си го имаме уважението, учествуваа како партија на власт и повелаа да ,,приватизираат“, цели 65% од целокупната општествена сопственост. Од онаа вредност на која што таа беше проценета во 1991-та.

Таква е математиката, а доколку партиските активисти, експертските сервисери и сета владеечка свита има некое поинакво сознание, или пак се коси со нивните идеолошки догми работата може да се разјасни многу лесно. Во нецели два часа, по нивен избор на електронски медиум, како тие, така и јавноста, во фина, прегледна и графички разбирлива презентација ќе ја верификуваат оваа пресметка и еднаш за секогаш ќе се стави точка на оваа тема. Ќе се знае кој е 65%, а кој 35%! Се мисли на одговорноста, политичка и друга, се разбира.
Идеолошки до сега видовме дека оваа партија нема никакво поразлично клише од старите, угледни, нашироко познати Белградски школи. Ова значи дека ниту според демократскиот капацитет, ниту пак според она што се нарекува третман на другите ентитети, или пак поинаква религиска припадност не се мрднати ниту милиметар.

Во градењето на Партијата најдалеку стигнаа, што ќе рече останаа таму од каде што тргнаа, до профилот на провинцијална популистичка партија од џандарско-турбо фолк терк! Никогаш, односно секогаш кадарни само за МВР И Аграр. Овој терк, сосема е очигледно, уфрлен уште таму некаде пред две децении, кога таа партија ја осниваа ликови-,,по задача“! Многу конспирација, многу полу-историја, многу манипулација, а сето тоа во аграно-рурална обвивка.

Токму затоа аналитичко-сознајните капацитети на ова партија досегнаа само до некаквите конспирации, до небулози од кои не произлезе ништо добро за оваа земја. На трагата на старите слугувања на врховизмите (не секогаш нужно со про-бугарски предзнак, ами и со про-белградски) оваа ,,организација,“ , нагласувам ,,организација“, а не партија не излезе од заложништвото на тезата дека Македонија е предмет на заговори за нејзина поделба. Всушност, кога ќе се сведе ,,билансот“ на дејанијата, најголемиот број на нејзините врвни раководители здушно работеше токму на реализација на оваа теза, секако смислена не во Скопје, туку во соседните престолнини.

Ако внимателно ги погледнеме продуктите и намерите на авторите, поточно локаланите изведувачи на тезата за Распад на Македонија во овие две декади можеме да ги прочитаме само како увертири на уште поголеми проекти-операции, а пред се на проектите за ГОЛЕМА СРБИЈА (Пола Косово и Босна и нивно припојување кон денешна Србија), а разбирливо и ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, како нус-продукт, со оглед на тоа што распадот на Македонија (врз која тема, нели, работаат здушно како однадвор така и одвнатре) не би ги направила одржливи Западниот Македонски дел нити унитарното Косово во денешни рамки). Една константа во абецедарот на сите воени и ини школи од Медитеранот па се до Арктикот!

Трагични се ,,толкувањата“ на началствата домашни, задгранични, а и други експозитури на ВМРО дека ,,Новата Држава Македонија“ ќе биде
ослободена од ,,теретот на Шиптарите“! Уште потрагични се и дополненијата на ваквите идеи, а со оглед на врховистичките традиции. Имено, едно крило ( согласно на нивното квази-педигре) Македонија ја гледа во Конфедерација со Бугарија, а друго крило дури (!) и во Конфедерација со Грција, а со небулозна додавка дека само така и никако поинаку би успеале “турбо,, (фолк!) да се најдеме во НАТО и ЕУ-инстант!

Ако пак малку повнимателно ги разгледаме овие кафеански излети на умот ,,де Софија“ ,,де Атина“, а и да направиме симулација, веќе на примарно-визуелно ниво на нештата ќе се најдеме во братските прегратки на Белград, скроз-наскроз истоштени од Ванчомихајловистичките Удбаши и нивните проекти.*
( *Овој термин ВанчоМихајловисти Удбаши е широко прифатен и се однесува на тнр. Бугарофили, Бугараши и слични ,,…фили“ произведени рано-рано во тамошните УДБА-лаборатории а корисни “за употреба” во конспрациите во кои каде секогаш најблискиот пат за Софија им поминувал преку Белград, а можеби и Москва. )

Од ова погоре можеме и да ја изведеме содржината, или локумот со јатки за народ, каде Груевски напишал едно убаво писмо до Месните Заедници (комитети) во кое тој објаснува дека е време за тотален пораз на Комунизмот и про-српските елементи (!?) или слично, но пред се сепак треба да го разбереме (,,писмото“) како чист популизам, да речеме на Радио Шабац, а познато е, нели, „неговиот народ“ продукти-залаци како овој мора со задоволство да ги дигестира.*
*(Радомир Константиновиќ најдобриот познавач на раѓањето, развојот и последиците на србскиот фашизам, доколку се добрал до ова писмо, веројатно би ни подготвил ДОПОЛНЕТО издание на негпвата ФИЛОСОФИЈА НА ПАЛАНКАТА)

Станува здодевно, иако најавува трагедија, Друштвото во кое го пишувало „писмото“ е одамна познато, јасно, па дури и на зачудувачки индиферентните ГАРАНТИ на Пост-Охридска Македонија: Еден Гласноговорник на Големо-Србството во Македонија, брифер на Милошевиќ и на разно-разни вакви типоси од Српската историја, а се разбира и Нај-главен УРЕДНИК, омилен новинар на ПРЕМИЕРО-т, потоа едни типчиња кои уште на почетокот на деведесеттите се обидоа да го подметнат (ни крив ни должен) Дедо Михаил според Кипарски ( инстант поделбен) проект, за Председседател на Републиката, потоа неколку прононсирани анти-албански тинк-тенкови правилно распоредени по сите екс-Ју држави, неколку докажани анти-Нато ликови, а најголемиот дел бивши припадници на ,,службите“ , потоа, или најверојатно еден Минситер за Правда кој во најубавите времиња на Комунизмот беше Јавен Обвинител кај никој друг туку кај/на Лазар Колишевски и кој за воља на виситната беше се специјализирал на темата ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ!

Се на се, едно опасно купче вакви ликови кои, очигледено е, излегле од најматните кујни на Комунизмот и неговите служби, некоја нова експозитура на ЦРНА РУКА и не само тоа, транзицијата, а особено позициите во ,,службите“ си ги искористиле патем и да се збогатат, успевајќи да ја ,,клатат“ Македонија, да не случајно успее да „фати корен“! Таква била задачата, таква и останала. Та така, најкомунистичките производи, денес се на привремена работа кај, декларираниот (според „писмото“) најголемиот анти-комунист, Груевски.
Деликатес невиден , збирштина, појака едноставно во аналите не е забележена.

Целта се, никој да нема илузии, Предвремени Избори, а ,,…заради Спорот со Грција,,! По втор пат си имаме едно дежаву на истиот пост-Букурештански проблем, директно поврзан со можно губење на најскапо градениот рејтинг после оној на Милошевиќ и тоа на Европско ниво. Рековме ЦЕЛТА, но не и ЗАДАЧАТА. Задачата е друга и треба да се знае: НЕМА ШИРЕЊЕ НА НАТО, НЕМА ЕУ, НЕМА ФИНАЛНА ПАЦИФИКАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, МОРА ДА СЕ ДРЖИ НЕКОЕ ЖАРЧЕ ЗАПАЛЕНО!
ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА АГАИН

Не е до крај јасно зошто ликот и делото на Груевски мораат да бидат под стална опсервација но тоа веројатно се должи на неговиот искривен поглед на нештата и тоа толку искривен што последиците се долгорочни.
Што тој направи , а требаше да донаправи.
1.Дента кога го смени името на Аеродромот , не смееше ни да помисли на вработување на нити еден во администрацијата туку парите кои ј ги
трошеше за неа (1 милијарда евра!) требаше да ги пренасочи во отворање на производни места , во фабрики, па дури и тоа да беа ново-промовирани капиталисти-дејци на ВМРО ДПМНЕ.

Ќе му беше простено доколку си направеше две три групировки за производство(фабрики) банки,финансиски институции и слично во кој тој ќе вработеше со таја една милијарда евра 100.000 илјади дејци на ВМРО ДПМНЕ (плакатолепачи) и пак ќе си имаше рејтинг но парите ќе беја инвестирани во Македонската економија, а не во рејтингот и администрацијата. Денес ќе имаше софистициран и совршени имунитет ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ПРЕГОВОРИ СО ГРЦИЈА. Економски ќе бевме појаки и издржливи.

САЛИ ЗА НАВЕЖБУВАЊЕ И КРШЕЊЕ НА МК-Р`БЕТ

Разните спортски сали во кој требаше да се навежбаме отворени по села и долини (100 почнати, а само дветри завршени)инвестиции по разно разни реклами за рејтингот,разни спортски активности, паркови, фонтани и зеленила, се доброанализирани од економските аналитичари на Непријателска Грција.Тука лежи и одговорот на тоа како ги исперципирале Грците работите во Мк па такво, многу е веројатно иако се појавија и срамежливи деманти, ПИСМО СО НАМЕРИ доставиле.

Не е за чудење. Јасно им е се (на Грците). Гледаат со кого си имаат работа а и кога одспротива Ви се, да речеме, Антонио Милошовски како министер за надворешни, или пак Претседател Ви е Иванов, секако дека никој веќе не Ве третира сериозно. Најстрашното е и тоа дека дури и нашите досегашни подржувачи постепено се „ладат” и бараат други патишта за, барем, минимално санирање и превенирање на несакани настани.

Сумирано, ако народот вели „сами дупката си ја копаме”, преведено тоа значи дека самите си направивме буџет со кој ќе си трошиме пари колку што си сакаме, се разбира ненаменски, ќе си ја слабееме економијата-државата (имунитетот!), а ќе си ја менаџираме администрацијата, ќе си се рекламираме и ќе си го дигаме рејтингот.

Секој обид врз ова да се градат некакви психологистичи толкувања, теории, секако би бил погрешен, непродуктивен, бидејќи станува збор за арамилак и отворено и јасно служење на туѓи интереси. Нема тука место за психолошки профили и слична белетристика. Тоа, во романите.Ова е само една грда страница во Балканската Историја.

И СЕГА ШО?!

Да речеме, кога би фантазирале, или еве би биле Груевски што би сакале да (не) се случува:

  1. 1. Да с`краја, ќе го реши проблемот со Грција до 7 декември!!
    2. Нема да го реши барајќи компликација (подземно/дипломатска) како договорот на Словенија со Хрватска;
    3. Ако сепак прават предвремени избори заради тоа што буџетот е ептен празен па имаат пари за да го држат рејтингот уште 100 дена незнаејќи дека влегуваат во многу интересно сценарио на победа на избори со малку поголеми економски проблеми од кои кој не се знае (Тие/Тој не знае) што можат да произведат по 6 месеци! Ова би било всушност најцрното сценарио кое што може да и се случи на Македонија;
    4. Да постават оптички кабел со „Бранко“, да измислат Хендлач* од премиер со Ново Парламентарно мнознинство, некој за една употреба, а кој би го решил следното:
    – Би го решил спорот со Грција, а „товарот“ да го носи „лицето Б.Ц“
    – Би ја изреформирал цела јавна администрација, поточно би ги избркал сите непотребни административци и оние десетици иљади со договор со што би го амнестриал Грујо-та од ВИНА, а со тоа би му направил следна услуга:
    а. Лесно до предвремени избори би ги обвинил сите дека го промениле името ,а тој не го давал и затоа се повлекол и покрај сите притисоци
    (се разбира би го прескокал и референдумот)
    б. Задно со Градоначалниците и нивна логистика би победил на избори се разбира и со објаснување дека тој не ја реформирал администацијата нити ги прекратил договорите на дело туку тоа го сториле комуњарите.
    *Варијантата со тнр.Хендлач изгледаше како веројатна кога во оптек се стави операцијата ДЕМОС. Арно ама „грубиот“ одговор на „Лицето Б.Ц“, како и јасните сигнали од, сепак, нашите подржувачи, уште во старт ја дискредитира, како операцијата, така и изведувачите (Спасов и компанија), па така уште незаживеана операцијата згасна, па во оваа смисла ќе мора да смислат нешто друго, или некој друг.

Како и да е Груевски има светла иднина , а и рејтинг кој нема да биде доолго оспорен нити еродиран ,останува да ги доправи салите и да се бори против комуњарите до последниот здив.

Со каматите од „обврзниците“ и со сета некадарност на, барем досегашните, македонските политички елити, може многу лесно ДА НИ СЕ СЛУЧИ уште мнооогу долго да ни игра пред очи, а и со нас, како важен политички фактор.

ДАМЕ ЧКАТРОСКИ

ФОРУМ ЦСИД