Форум Центарот за Стратегиски Истражувања и Документација, во соработка со КИПРЕД институтот од Приштина и Албанскиот институт за медиуми од Тирана, организираат конференција на тема “Форум за отворање на дијалог за развој на релации помеѓу тинк тенковите во Македонија, Косово и Албанија”.

Kонференцијата е прв настан организиран во рамките на проектот за поврзување на истражувачките центри во овие три земји, финансиски помогнат од програмата Исток Исток: Програма за прекугранично партнерство на Институтот отворено општество.

Целта на овој проект е создавање платформа за промовирање и осмислување поспецифични форми за заеднички акции и проекти помеѓу истражувачките центри во краткорочна и подолгорочна перспектива.

Развивањето на интелектуална тинк тенк линија помеѓу Македонија, Косово и Албанија, во соработка со академската, НВО и медиумската заедница од сите три држави ќе има за цел и подобрување на соработката помеѓу влијателните центри во овие балкански соседи.