Се одржа фокус група во Струга
На 05.06.2018 се одржа фокус група наменета за претставници на Југозападен регион во Хотел Београд – Струга. На фокус групата учествуваа претставници на граѓански здруженија, на општините Охрид и Струга, претставник од медиуми, образование и бизнис заедницата од Струга. Фокус групата се одржа како дел од активностите планирани за Југозападниот регион во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.
На фокус групата се дискутираа прашања и проблемите со кои граѓаните се соочуваат во општините во Југозападниот регион, и ги наведоа како главни проблеми потребата од поголем паркинг простор во Струга, дивата депонија, невработеноста, зголеменото иселување, додека бизнис заедницата се соочува со недостаток од соодветен кадар. Се истакна и потребата од посилна соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓаните во донесување на одлуки од јавен карактер. На фокус групата се дискутираа и веќе преземените иницијативи и колкава била нивната успешност. Но, учесниците сметаат дека вината делумно е и кај граѓаните кои е потребно погласно да ги искажуваат своите барања. Општините ги дискутираа нивните механизми за соработка со граѓаните, како организирање на буџетски форуми каде граѓаните можат да земат учество во креирање на буџетите, но исто така и во креирање на програмите за локален-економски развој. Граѓанските организации ја истакнаа нивната улога во зајкнување на соработката со оштините.

Следна активност во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“ е обука наменета за претставници на Југозападен регион, која ќе се одржи на 29 јуни – 01 јули 2018 во Хотел Београд – Струга.

