Школата за активно граѓанство организираше алумни средба со учесници на последните четири генерации на Школата. Средбата се одржа на 17 и 18 јуни во хотелот „Романтик“ во Дојран. Првиот ден започна со воведен збор на г-дин Ѓунер Исмаил, Претседател на одбор на Форум ЦСИД и партнерите во Проектот на УСАИД за граѓанско општество, Сунчица Костовска (ФООМ), Дамјан Здравев (Реактор) и Сабина Факиќ (Центар за граѓански комуникации).  По ручекот, предавање одржа Сашо Орданоски на тема: Цивилниот сектор во Македонија: смисла и перспективи. По кратката пауза, беше одржан и квиз за учесниците.

IMG_4031            IMG_4052

На вториот ден од алумни средбата беа одржани две панел дискусии. На првата панел дискусија говореа истакнатите граѓански активисти Марјан Забрчанец, Вики Младенова и Рамадан Рамадани. Дискусијата беше на тема: Каков граѓанин создаде современото македонско општество? Учесници на втората панел дискусија беа алумнистите на Школата за активно граѓанство: Ангела Илиевска, Александар Гочев, Драган Додевски и Давид Стефановски.

IMG_4078    IMG_4086

Алумни средбата беше затворена со размена на искуства и заедничка евалуација.