Од 23-25 март 2018 година, се одржа работилница за претставници од Источен плански регион како дел од проектот “Активни граѓани за добро владеење”, кој ФОРУМ ЦСИД го спроведува во рамки на Проект на УСАИД за граѓанско учество – Civic Engagement Project-Macedonia.

На работилницата учествуваа претставници од локалната самоуправа, претставници на граѓански организации од Источен плански регион, вработени во образовни институции и новинари.

Беа опфатени теми со кои учесниците на обуката ќе ги унапредат своите знаења во однос на нивното поактивно вклучување во процесите на донесување на одлуки, како и можностите за градење на партнерски однос помеѓу граѓаните и единиците на локалната самоуправа. Слушателите имаа можност да стекнат знаења и за можностите и начините за планирање и реализација на граѓански иницијативи, како и да чујат нешто повеќе за граѓанскиот активизам и начините на здружување на граѓаните по однос на важни прашања од истакнати претставници на граѓанскиот сектор во Република Македонија.

                    

Свои предавања одржаа: Ѓунер Исмаил, Претседател на УО на ФОРУМ ЦСИД; Кристина Хаџи Василева – Извршна директорка на Консалтинг за стратешки развој; Зоран Бојаровски, истражувач и тренер; Зоран Јачев, Експерт за децентрализација и локална самоуправа; Ирена Цветковиќ, Извршна директорка на Коалиција Маргини; Кристина Ампева од здружението на граѓани Гласен Текстилец и Љатифе Шиковска од Ромски едукативен центар Амбрела”.

Повеќе фотографии од работилницата можете да погледнете тука