Форум-Центар за стратегиски истражувања и документација во партнерство со Европски центар СН7 од Теарце го заврши проектот за подигнување на капацитетите и подобрување на работата на месни и урбани заедници во Република Македеонија. Основната цел на овој проeкт беше претставниците на месната самоуправа да се здобијат со нови знаења и алатки за да можат поефикасно да ги решаваат проблемите во својата локална средина. Во текот на реализацијата на пректот, остварена е соработка и комуникација со повеќе од 100 месни и урбани заедници, 27 општини, Министерство за локалната самоуправа и 12 невладини организации од сите плански региони во Република Македонија.

img_5074 img_5072

Издаден е Прирачник со анализа за состојбите во месната самоуправа и релациите помеѓу неа и единиците на локалната самоуправа. Прирачникот е промовиран на завршната конференција во Скопје на која учествуваа претставници на локалната самоуправа, месната самоуправа и граѓанските организации од цела Македонија. Во него се дадени и заклучоци и препораки за алатките кои се можат да ги користат за нивната понатамошна работа.

priracnik
На конференцијата беше заклучено дека општините во своите статути имат одредби со кои треба да ја регулират соработката со месната самоуправа, кои , меѓутоа сами по себе не се доволни за детално регулирање на статусот на месни и урбани заедници. Тоа е последица на многу недоследности во Законот за локална самоуправа каде што месната самоуправа не е дефинирана како императивна форма. Со тоа, граѓаните што на доброволна основа се ангажирани во месната самоуправа, својата работа ја извршуват без јасно дефиниран правен стутс, што во значителна мера им ги намалува можностите за решавање на проблемите на граѓаните на микро локално ниво.
Проектот е спроведен во текот на 2015 и 2016 година, со финансиска помош од Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас, 2014-2018“. Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

Прирачникот можете да го преземете тука.