Студијата е изработена во рамки на проектот „Алијанса за регионален развој“ поддржан од Европската Унија, и во целост можете да ја преземете тука.

ЗОШТО Е НЕОПХОДНА ПОЛИТИКАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

  • Над 50% од природниот прираст во државата произлегува од Скопскиот регион, додека
    Скопскиот и Полошкиот регион зафаќаат приближно 90% од природниот прираст во
    државата – во другите региони имаме скромен прираст, а во Пелагонискиот и Источниот
    регион има намалување.
  • Зголемениот број на жители како параметар покажува дека последниве 10 години само
    дел од регионите можат да се сметаат за напреднати: Скопскиот со над 30.000 нови
    жители, Полошкиот со над 10.000 нови жители, Североисточниот и Југоисточниот со
    минимален раст од 1.500 до 2.500 жители.
  • Споредбата на податоците 2005-2015 год. покажува дека се намалува уделот на младите,
    при што најдрастични се примерите во Полошкиот, Југоисточниот и Југозападниот, каде
    разликата во уделот на помладото население во вкупното население е променета за
    околу 5 – 6%, додека најголем раст на постарото население се забележува во Скопскиот,
    Југоисточниот, Источниот и Вардарскиот регион, помеѓу 2- 3 %.
  • Најголемо намалување на населението кое е социјално најзагрозено има во
    Пелагонискиот регион, каде бројот на корисници на социјална помош од 2006 до 2014 се
    намалил скоро три пати. Североисточниот, Вардарскиот и Југоисточниот регион за 8
    години повеќе од двојно го намалиле бројот на корисници на социјална помош, а
    Југозападниот и Источниот имаат скоро двојно помалку корисници на социјална помош во
    однос на 2006.
  • Дисперзијата на невработенооста по региони иако благо намалена води до заклучок дека
    сепак остануваат огромни разлики, што понатаму треба да бидат основа за различни мерки
    и активности по различни региони – во некои региони како Североисточниот,
    невработеноста во 2015 год. е поголема за речиси 16%, додека во Југозападниот 7% во
    споредба со просекот во државата.
  • Скопскиот регион (каде живеат 1/3 од жителите во државата) креира дури 43% од
    националниот БДП. Оттука во податоците за БДП по жител по регионите доминира
    Скопскиот регион кој има два и пол пати поголем БДП по глава на жител од
    Североисточниот регион, кој е најнеразвиен. Само уште Југоисточниот и Вардарскиот
    имаат за поголем БДП по жител од просекот. Ова е силен сигнал дека е неопходна
    сеопфатна и длабока политика за рамномерен регионален развој која на среден рок може
    да даде позитивни ефекти.
  • Скопскиот регион константно има удел од околу 37-38% во вкупниот број на активни
    субјекти, Пелагонискиот околу 11-12% и Југозападниот околу 10%. Малку позабележителен
    напредок има Полошкиот регион, чиј удел расте од 9,6% во 2008 г. на 10.8% во 2015,
    престигнувајќи го Југозападниот регион на третото место во однос на овој показател за
    регионалниот развој.
  • Од споредбата по бројот на вработени произлегува дека Југоисточниот, Пелагонискиот и
    Полошкиот регион во 2015 г. имале помалку фирми кои вработувале над 250 лица, а
    Југоисточниот и Пелагонискиот имале помалку фирми кои вработувале помеѓу 50 и 249
    лица.
  • Анализата на уделот на регионите во вкупните инвестиции во основни средства покажува
    загрижувачки податок дека повеќе од половината инвестиции се лоцирани во
    најразвиениот регион и дека во најнеразвиениот регион (Североисточниот) речиси и
    воопшто не се инвестира.
  • Вредноста на извршените градежни работи покажува дека иако во 2007 година Полошкиот
    регион бил главното „градилиште“ во државата, со речиси една третина од вкупната
    вредност на извршените градежни работи, во 2015 г. Полошкиот е претпоследниот по
    вредноста на градежните работи, пред Југоисточниот, кој константно е во
    подолурангираните региони според овој параметар. Најмалку во последниве 9 години се
    гради во Североисточниот, кој освен во 2015 г., во сите останати е на последното место по
    вредноста на извршените градежни работи.
  • Последните 3 години единиците на локалната самоуправа од Скопскиот регион,
    вклучително и Град Скопје оствариле 37.8% од вкупните приходи на ЕЛС во Македонија.
    Најмалку приходи оствариле општините од Вардарскиот регион (7%) и од Североисточниот
    регион (7.1%). Следат општините од Југоисточен (8.3%), Источен (8.6%), Југозападен (9.3%),
    Пелагониски (10.6%), и Полошки регион (11.2%).
  • Последниот податок за процент на регионална дисперзија на БДП, кој го објавува Заводот
    за статистика, се однесува на 2013 г. и според нивната методологија тој бил 29.0.%, што е
    намалување во однос на 2012 г. за 2.5%. Намалувањето на овој процент означува
    поголема рамномерност во развојот на регионите.