Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од 24 – 26 ноември 2017 година, во Хотел Срна – Маврово, ја одржа обуката во рамки на проектот “Активни граѓани за добро владеење“.
Обуката ја отвори Соња Исмаил Огненоска, проектен менаџер, која им посака добродојде и успешна работилница на учесниците и ги информираше за целите на оваа обука, како и за логистиката на проектот. Првиот предавач планиран за првиот ден беше г-дин Ѓунер Исмаил кој  говореше на тема Структура на општеството и местото на граѓанинот и граѓанскиот сектор во него. По неговото излагање следеше работа во групи и се разви добра дискусија на темата. Втората тема која што беше планирана за првиот ден беше Механизми за соработка на граѓаните со локалната администрација. Предавањето го одржа програмскиот директор на Центар за едукација и развој од теарце, а воедно и локален координатор за Полошки регион н на проектот „Активни граѓани за добро владеење“, М-р Астрит Реџепи.
Вториот ден го отвори експертот за децентрализација, г-дин Зоран Јачев на тема Како да се постигне транспарентност и отчетност на локалната самоуправа? После предавањето следеше работи во групи. Учесниците се поделија во две групи и ги одредија постапките и чекорите како до транспарентен буџет на една општина? По презентација на изработеното следуваше интересна дискусија помеѓу учесниците. Во втората половина од вториот ден следеше исто така интересна тема за дискусија и многу аткуелна, Неопходноста од вклученоста на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, која што беше презентирана од новинарот и истражувач, г-дин Зоран Бојаровски. И за оваа тема следуваше работа во групи кде што учесниците идентификуваа проблеми во нивната заедница и ги идентификуваа чекорите за решавање на проблемите. Денот се затвори со презентирање на резултатите од групите и плодната дискусија од учесниците.

Третиот и последниот ден започна со излагање на Проф. Др. Мирјана Најчевска на тема Важноста на принципот на здружување за заедничка цел во демократските општества. Се отвори интересна дебата за начините на здружувања поврзани и со актуелната состојба во државата, а дебатата продолжи и во работата во групи. Учесниците имаа можност да слушнат и позитивни примери од граѓански иницијативи од граѓанските активисти Драган Додевски и Ивана Драгшиќ, кои споделија свое искуството на граѓански активизам во неколку граѓански иницијативи. Со тие примери се пренесе пораката дека влијанието на граѓанскиот сектор и граѓанскиот активизам е големо и многу значајно за општествените промени.
Обуката заврши со евалуација од страна на учесниците.